6 знаци на стареење на скалпот и косата: Како да ги препознаете и како да го спречите овој проблем?

Иновација против стареење и тенка коса

Доколку сакате целосно да го решите овој проблем, прво треба да навреме да го дијагностицирате и да одберете соодветни производи за нега на косата

Производите против стареење на кожа се дел од нашата секојдневна рутина, но што кога зборуваме за нега против стареење на коса? По долгогодишни истражувања, докажано е дека покрај кожата, и косата исто така почнува да старее со текот на времето. Стареењето на косата е поразличен феномен од опаѓањето на косата и не е ограничено само на белеење на влакното.

Иако стареењето на скалпот и косата не е очигледно, сепак е факт. Доколку сакате целосно да го решите овој проблем, прво треба да навреме да го дијагностицирате и да одберете соодветни производи за нега на косата.

Можат да се препознаат 6 знаци на стареење, кои служат за проценка на состојбата на косата.

Сувост

Поради хормоналните промени, процесите на производство на себум и обновување на клетките се забавуваат. Како резултат, скалпот почнува да се лупи, чеша, а неговата површина станува нерамна.

Чувствителност

Бидејќи епидермисот станува потенок, а заштитните функции на кожата послаби, одредени фактори од животната средина, како што се загадувањето и хемикалиите во продуктите, можат да предизвикаат иритација и болни сензации на скалпот.

Губење на еластичноста

Намалување на количината на хијалуронска киселина и колаген што ја произведува кожата, заедно со изложеноста на УВ зрачење, може да доведе до губење на еластичноста на скалпот. Брчките се појавуваат на кожата, таа станува помалку еластична, а тоа може да доведе до непријатни сензации.

Губење на сјајот

Поради недостиг на витамини, стрес и изложеност на ултравиолетова светлина, косата може да добие безживотен изглед.

Кршливост

Со текот на времето, косата станува порозна и сува, а структурата на косата оштетена. Кадриците стануваат кршливи и груби на допир.

Истанчување

Фоликулите на косата се намалуваат, додека нивото на протеини во структурата на косата се намалува како резултат на хормоналните промени. Косата губи волумен и форма.

Не паничете и одберете ги вистинските производи за нега на коса!

Revalid® лансираше посебен систем за коса наменет да го забави процесот на стареење на косата и скалпот. Revalid® Anti-Aging шампонот и Anti-Aging флуидот содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM и се  достапни во аптеките од есен 2020.

Како дејствува оваа врвна иновација?

Кога клетките на кожата ја губат својата природна способност да му се спротивстават на оксидативниот стрес и оштетување, Revalid® Anti-Aging системот им ја обезбедува потребната поддршка за одржување здрава текстура, волумен и изглед.

Системот се состои од Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид. И двата производи содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM, концентриран екстракт од листовите на Cassia Alata , растение познато по своите лековити и антивоспалителни својства. DN-AgeTM молекулата е инспирирана од одбранбените својства на растението за да ги заштити фоликулите на човечката коса и скалп и да го забави процесот на стареење.

Ефектите како антиоксидативен, антивоспалителен, против-избелувачки ефект како и способноста за одржување на својствата за раст и стимулирање на обнова, се докажани во бројни in vitro и in vivo студии. Во една студија, 80% од испитаниците ја опишуваат својата коса како посилна и погуста после секојдневна употреба на DN-AgeTM на скалпот.

Дополнително, Revalid® Anti-Aging шампонот и Anti-Aging флуидот содржат и екстракт од еделвајс од швајцарските алпи, растение познато како преживувачка sвезда, кое има способност да расте на големи надморски височини и високи температури. Преку стимулирање на клучни гени и протеини одговорни за одржување на заштитната бариера на скалпот, тоа претставува дополнителен поттик за самата коса и скалп.

Фантастична бјути-ѕвезда за здрава, бујна и сјајна коса!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.