Омилен декор на трпезата: Пробајте кокосови штангли!

Совршени слатки

Пробајте ги овие кокосови штангли

Состојки:

За кората:

  • 100 г путер
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 120 г шеќер
  • 2 јајца
  • 30 г какао
  • 70 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“

За филот од кокос:

  • 30 г путер
  • 60 г шеќер во прав
  • 200 г млеко во прав
  • 120 мл превриена вода
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 150 г кокос

За глазурата:

  • 100 мл слатка павлака
  • 100 г чоколадо за готвење

Приготвување:

1. За приготвување на кората, во тенџерче се растопуваат путерот и чоколадото, па се додава шеќерот и се меша додека се растопи.

2. Потоа се додаваат јајцата и мешавината од екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и какаото, па се мати со миксер.

3. Плех со димензии 20 х 30 см се обложува со хартија за печење и во него се става смесата за кората. Се израмнува и се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 15 минути.

4. За приготвување на филот, прво се приготвува кондензираното млеко. Во блендер се мешаат шеќерот и млекото во прав, па се додаваат растопениот путер, превриената вода и екстрактот од ванила. Се мати со миксер додека се добие воедначена смеса.

5. Во приготвеното кондензирано млеко се додава кокосот и се промешува.

6. Филот се излева преку кората и се израмнува. За приготвување на глазурата, слатката павлака се загрева, па се прелева преку чоколадото и се меша додека се растопи. Се остава да се олади, па се прелева преку филот.

Извор: Добра храна

Сочни и освежителни: Не сте пробале повкусни мафини со шумско овошје од овие!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.