Ако сакате да изгледате вака на 50-годишна возраст, еве што треба да правите: Позната манекенка (56) открила што јаде и како вежба!

Вистински совет

Ел Мекферсон е манекенка што го носи прекарот „тело“- ете колку е згодна оваа жена!

Витото тело не е нешто што се случува само од себе. За затегнато тело, потребно е секојдневно „мачење“.

Некогашната супермоделка Ел Мекферсон (56) ја открила тајната на нејзиниот добар изглед:

Нејзините главни адути се здрава и урамнотежена исхрана, редовна физичка активност и pH рамнотежа на телото.

„Верувам дека повеќето болести се предизвикани од киселинско-базна неурамнотеженост, па поради тоа многу ми е важно моето тело да е pH неутрално.

Секојдневно правам утрински вежби и вежбам во вежбалница 45 минути. Редовно пешачам и скијам на вода. Држам прилично строги диети и не јадам црвено месо, пченица (брашно) или млечна храна.

Алкохолот и пушењето исто така се строго забранети. Во својот режим додавам витамини, бидејќи тоа го зголемува нивото на мојата енергија и ми помага да останам активна. Исто така, сметам дека протеините и диететските суплементи се многу ефикасни. Му помагаат на моето тело да се справи со секојдневниот стрес. Во текот на сиве овие години здрав начин на живот, имам пробано алтернативна медицина, акупунктура и рефлексотерапија“, открива Ел.

Како вежба?

Секој ден вежба по еден час, без разлика дали станува збор за пливање, јога, вежбалница…

„За мене трчањето не е само начин на одржување кондиција, туку и некој вид медитација.

Не треба секогаш да се биде на диета и да се убиваме од вежбање во вежбалница неколку дена во неделата. Подобро би ви било секојдневно да правите ефикасни вежби или да трчате. Главното е да не го занемарувате вашето тело.“

Хармонијата е важна…

„Она што ме мотивира е да бидам радосна, инспирирана, страсна, силна и здрава. Тоа е она што ме тера секојдневно да вежбам и да држам диети. И тоа ми е многу поважно од она што го покажува мојата вага. Користам еден мал трик за да се натерам да одам во вежбалница: се прашувам дали се чувствувам подобро или полошо после вежбањето. Не можам да се сетам на ниту еден случај кога сум се чувствувала лошо по физичка активност.“

Како изгледа еден нејзин тренинг:

Тренингот го почнува на тренажер (нордиско пешачење), на кој го вежба целото тело или трча. Потоа, прави склекови на работ на креветот.

Секој ден прави стомачни вежби, исчекори, како и сите оние вежби што сме ги правеле како деца на училиште. Секој тренинг го завршува со ефикасно истегнување за да ѝ бидат мускулите вретенести. Никогаш не заборава да направи вежби за стапала. Зема топка и ја тркала со стапалото. Оваа вежба ѝ помага да ги опушти мускулите на стапалата по ден поминат во високи потпетици.

Ја нагазила шестата деценија, а сите ѝ завидуваат на изгледот: Еве на што се должи младоликоста на Ел Мекферсон!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.