Атопија: Како да се справите со хроничните иритации на сувата кожа?

Многу почест проблем одошто мислите

За сувата до изразито сува чувствителна кожа, хидратацијата е неопходно да започне уште во бањата

Атопија или атопичен дерматит е хронична, алергиска состојба на кожата која се манифестира со појава на изразито суви, чувствителни делови на лицето и телото. Вообичаено оваа состојба е проследена и со упорен јадеж и чешање, црвенило, чувство на затегање и понекогаш, лупење на епидермисот.

Зошто се појавува атопија?

Хронична и алергиска, атопијата најчесто се јавува кај лица со генетски предиспозиции за неа, односно на наследна основа. Кога кожата содржи помалку липиди, нејзината природна заштитна бариера се менува. Како резултат на ова, таа станува ранлива и полесно подложна на иритации и алергени. Прашината, поленот и честичките од загадување се само некои надворешни агресори кои можат да предизвикаат симптоми на атопичен дерматит.

Враќањето на правилната функција на заштитната бариера на кожата е клучно во решавањето на овој проблем кој покрај тоа што го нарушува физичкото здравје, може да има негативни ефекти врз самодовербата и нормалното секојдневно функционирање на личноста, особено доколку се манифестира на видливи делови како што се лицето, дланките или рацете.

Како да го решите овој проблем?

За сувата до изразито сува чувствителна кожа, хидратацијата е неопходно да започне уште во бањата, а опсегот Lipikar на францускиот бренд број еден La Roche-Posay нуди две различни формулации кои нежно ја чистат и навлажнуваат атопичната кожа:

Lipikar Syndet AP+ со млечна текстура 

Lipikar Huile Lavante AP+ со маслена текстура која лесно се плакне, без да остави непријатен филм на кожата

Хидратантниот балсам Lipikar AP+M со тројна ефикасност го балансира микробиомот на кожата, обновувајќи ја неговата природна заштитна бариера. Инстантно ги смирува чешањето и иритациите, ја храни и хидрира кожата и долгорочно спречува повторна појава на локализирани суви делови.

Lipikar формулациите во својот состав вклучуваат La Roche-Posay пребиотска термална вода, шеа путер, глицерин и ниацинамид и се безбедни за целото семејство, па затоа оваа докажана бјути-ѕвезда е задолжителна во вашата домашна аптека!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.