Ја нагазила шестата деценија, а сите ѝ завидуваат на изгледот: Еве на што се должи младоликоста на Ел Мекферсон!

Ја открила тајната на нејзината вита линија

Славниот супермодел има 54 години, а изгледа како да има барем половина помалку

Некогашната манекенка Ел Мекферсон го добила прекарот „тело“ поради нејзиниот беспрекорен изглед и многумина се прашуваат која е тајната на нејзината вита линија.

Точно е дека за нејзината работа потребно е да се има добар изглед, но со оглед на тоа што веќе не се занимава со манекенство и што годините си го прават своето, Ел успешно успева да се избори со староста, а открила и како…

„Многумина велат дека појадокот е најважниот оброк во денот и се согласувам со тоа, но важно е и во кое време го јадете. Мислам дека важно е да му дадете време за одмор на метаболизмот. Затоа, јас појадувам малку подоцна, особено ако претходната вечер сум вечерала малку подоцна“, открила Ел.

Денот го започнува со чаша млака вода со лимон, а потоа пие зелен сок што се сотои од целер, лимон, половина јаболко, брокули, кромид, ѓумбир, магдонос, краставици и кељ.

Дневно пие и до три литри вода, а менито ѝ се состои од зеленчук, риби, јајца, тахини, паста со зеленчук и протеински чоколаден шејк.

Ел открила и дека не се плаши од стареењето.

„Го обожавам фактот што имам 54 години. Благодарна сум за сè и едвај чекам да наполнам 55 години. Фит сум, силна сум и имам два прекрасни сина. Среќна сум што сум здрава“, заклучила Ел.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.