Што се крие зад новата фотографија на принц Хари и Меган: Сите зборуваат за ова!

Скриени детали

Фото: Getty Images

Поминаа само неколку месеци откако Меган Маркл објави дека во јули минатата година имала спонтан абортус, а среќниот пар вчера ја објави среќната вест дека Арчи ќе биде постар брат!

Откако Меган Маркл и принц Хари вчера објавиле дека чекаат второ бебе, фотографијата на среќниот пар го обиколи светот!

Сите зборуваат за валканите стапала на принц Хари, а твитер-заедницата го моли кралското семејство „да му купи чевли на Хари“, но го молат и Хари никогаш  повеќе да не ги покажува своите стапала.

Многумина нагласиле дека во одредени култури покажувањето боси стапала се смета за крајно непочитување и некултура.

„Фотографијата е совршена, само да ги немаше тие боси стапала на принц Хари“, гласи еден од твитовите.

На фотографијата е Хари кој босоног седи на трева под дрво, додека Меган лежи во неговиот скут, со раката на стомакот.


Сè уште не се знае терминот за породување, но медиумите претпоставуваат дека Меган е некаде на средина од бременоста, со оглед на тоа што стомакот ѝ е прилично видлив.

Постои голема симболика зад оваа објава на Меган и Хари. Имено, во далечната 1984 година, на истиот ден на 14 февруари, принцезата Дајана објавила дека е бремена, односно во нејзиниот стомак се наоѓал Хари.

За оваа пригода, Меган облекла фустан на Каролина Херера, кој го носела и за објавата на својата прва бременост.

Кралскиот дворец му испратил честитка на среќниот пар.

Откриени детали поврзани со новата бременост на Меган Маркл – После 2 години од раѓањето на Арчи доаѓа принова
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.