Совршен летен десерт: Кокосови топчиња какви што не сте пробале досега!

Израдувајте ги најблиските!

За да не ви се лепат топчињата за прстите, распоредете ги во хартиени кошнички

Состојки:
  • 250 г маргарин
  • 200 г шеќер во прав
  • 150 г мелен кекс
  • 100 г кокосово брашно
  • 100 г бело чоколадо

За обложување на топчињата:

  • 100 г кокосово брашно

Приготвување:

1. Се мати маргаринот со шеќерот во прав за да се добие воедначена смеса.

2. Се додаваат кексите, кокосовото брашно и на пареа стопеното бело чоколадо. Полека се промешува.

3. Од приготвената смеса со дланките се обликуваат помали топчиња.

4. Обликуваните топчиња се валаат во кокосово брашно и се остават во фрижидер да се стегнат.

Најновиот број на магазинот „Добра храна“ изобилува со вакви вкусни десерти!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.