Од сè по нешто: Новиот број на „Добра храна“ нуди многу богати содржини и вкусни рецепти!

Сити и вити!

Ќе ви покажеме како вистински се ужива во добрата храна!

На летото полека му се ближи крајот и токму неговиот крај го означува почетокот на есента, а ние во овој број ќе ви го понудиме најдоброто од двата кулинарски света. Високите температури сè уште  не попуштаат, па затоа и овој пат ви приготвивме еден куп рецепти со акцент на лесните, брзи оброци (задолжително пробајте ја фокачата со тиквички).

Фокача со тиквички

Не заборавивме и дека по долгиот престој на сонце ќе ви треба нешто за да се разладите. Освежувачките десерти се идеални за тоа!

Сладолед од капини

Со доаѓањето на есента, главната улога на трпезата ја презема пиперката (рецептот од насловната страница ќе ве воодушеви!).

Пиперки полнети со колбаси во сланина

Овој период е вистинското време и за вкусни задоволства од тегла: мармалади и џемови, ајвари и зимници – сето ова ќе го најдете на нашите страници.

Џем од праски
Теглички полни кисела салата

Нашите гастро-мајстори, како и секогаш, ни покажаа како се прави магија во кујната, а ние ќе ви покажеме како вистински се ужива во добрата храна!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.