Шлаканица за Меган и Хари, нова караница на видик: Што направиле принц Вилијам и Кејт Мидлтон!

Борба за популарност!

Фото: Getty Images

Идниот крал и тоа како знае што прави

Откако Меган Маркл и принц Хари ја разгневиле британската јавност со своите патувања на одмор со приватен авион, принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон и трите деца биле видени на лет на една сосема економична авиокомпанија.

Семејството било забележано на аеродром во Шкотска, кога го напуштало авионот од редовната линија.

Кралското семејство патувало од Лондон во Абердин, а една патничка карта чинела околу 70 фунти. Се претпоставува дека дошле во Шкотска во посета на кралицата Елизабета и принц Филип, кои секое лето одмораат во својата резиденција Балморал.

Патниците што се нашле во истиот авион со кралскиот пар и нивните деца, останале пријатно изненадени, а не ги криеле ни мобилните телефони со кои ги снимале и фотографирале, па го објавувале сето тоа на социјалните мрежи како доказ.

https://www.instagram.com/p/B1e9V0zH4DJ/?utm_source=ig_embed

Овој потег наишол на поделба на јавноста, која смета дека Вилијам и Кејт го направиле ова само за да им наштетат на принц Хари и Меган, кои биле остро критикувани од страна на јавноста поради нивното луксузирање со приватен авион што го плаќаат даночните обврзници. Од истата причина ги искритикувала и еколошката заедница.

Меган и Хари се одбраниле повикувајќи се на безбедносното прашање, но многумина не им веруваат.

„Има многу контрадикторности во изјавите дека принцот поради безбедносни причини лета со приватен авион. Имено, и мајка му на Хари, принцезата Дијана, често ги користела редовните авионски линии за своите патувања, а Вилијам и Кејт се последниот пример дека тоа е изводливо“, изјавил експертот што ги следи случувањата во кралското семејство, Роберт Џобсон.

„Ова е трогателен потег на војводата од Кембриџ, кој еден ден ќе седне на тронот, а по него следи синот Џорџ. Исто така, моментално целото кралско семејство е на мета на критиките поради раскошниот начин на живот, а принц Вилијам и тоа како знае што прави“, открил Џобсон.

Инаку, пред да се појави Меган Маркл во кралството, принц Хари со братот Вилијам повеќепати летал со економска класа на редовни авионски линии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.