Десерт за попладневно уживање: Пробајте ги овие коцки со кафе и со лешници

Одличен десерт

Изненадете ги вашите домашни со овие вкусни коцки

Состојки:

За кората:

  • 8 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 5 жолчки
  • 220 г мелени лешници
  • 1 лажица мелено кафе

За филот:

  • 3 жолчки
  • 200 г шеќер во прав
  • 100 мл варено црно кафе
  • 250 г путер
  • 100 г чоколадо за готвење

Приготвување:

1. За приготвување на корите, жолчките се поврзуваат со шеќерот и се матат пенесто. Белките се матат во цврст снег, па се додаваат во смесата од жолчки и полека се меша со лажица.

2. Посебно се поврзуваат мелените лешници и кафето, па се додаваат во смесата од јајца и полека се промешува со лажица.

3. Плехот од рерната се обложува со хартија за печење и во него се става смесата за кората. Се израмнува со шпатула и се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 15 минути. Печената кора се сече на три дела.

4. Филот се приготвува посебно. Во тенџерче се поврзуваат вареното кафе и шеќерот во прав, па се загреваат на умерена температура десетина минути, додека се добие смеса со густина на мед.

5. Се трга од огнот, па се додаваат путерот, жолчките и чоколадото, па се меша додека се поврзат состојките. Се остава да се олади.

6. Првата кора се премачкува со третина од филот и се прекрива со друга кора. Преку неа се нанесува втората третина од филот, па се завршува со третата кора и се нанесува остатокот од филот. Се остава во фрижидер да се зацврсти. Потоа колачот сече на коцки во големина по желба.

Извор: Добра храна

Десерт за паметење: Овие кикиритки-коцки се вистинско уживање!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.