Удобно, женствено и за восхит: Веднаш ќе го посакате комплетот на Оливија Палермо во вашиот гардеробер!

Со вкус

Модната инфлуенсерка постојано носи стајлинзи кои се атрактивни, но и практични за речиси секоја пригода

Оливија Палермо важи за жена со истанчен вкус и со изграден моден стил. Нејзините стајлинзи се умерени, практични и удобно, а истовремено атрактивни и многу женствени.

Ни нејзиниот последен стајлинг, во кој била фотографирана на улиците во Њујорк еден сончев есенски ден, не бил исклучок.

Оливија носела комплет од трикотажа – панталони и блуза во камел беж боја, кој го искомбинирала со високи лакирани потпетици во истата боја. Целата комбинација, како и обично, го надополнила со моден додаток во вид на марама, очила за сонце и чанта, кои совршено се вклопиле.

Овој комплет дефинитивно е нешто што на секоја дама би ѝ било корисно оваа есен и претстојната зима.

Сè што можеме да кажеме е: уште еден моден погодок!

Разиграното издание на кралицата Летиција ќе ве маѓепса: Уште еден доказ дека таа е модна икона!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.