Десерт за паметење: Овие кикиритки-коцки се вистинско уживање!

Превкусни!

Нема да можете да останете само на една од овие кикиритки-коцки!

Состојки:

За корите:

  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици мелени кикиритки
  • 2 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 прашок за печиво

За преливот:

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 2 лажици млеко

За филот:

  • 6 жолчки
  • 1 пудинг со вкус на ванила
  • 6 дл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 200 г путер
  • 100 г шеќер во прав
  • 200 г печени несолени кикиритки
  • 4 лажици масло
  • 3 лажици мед

За декорација:

  • 300 мл слатка павлака
  • 50 г сечкани кикиритки

Приготвување:

1. За приготвување на корите, белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Посебно се поврзуваат мелените кикиритки, екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и прашокот за печиво, па со црпалка се додаваат во смесата.

2. Плехот од рерната се обложува со хартија за печење и во него се става смесата за кората. Се рамни со шпатула и се пече во загреана рерна на 180°Ц, дваесетина минути.

3. Печената кора се остава да се олади, а потоа се сече наполу. Посебно се растопува чоколадото со две лажици млеко, па со добиената глазура се премачкуваат корите. Се ставаат накратко во замрзнувач да се олади глазурата.

4. Филот се приготвува посебно. Во тенџере се мешаат 500 мл млеко и шеќер, па се вари додека зоврие. Посебно се матат преостанатото млеко, пудингот со вкус на ванила и жолчките, па се додаваат во зовриеното млеко и понатаму се вари, со непрекинато мешање, додека се зацврсти.

5. Омекнатиот путер се мати со шеќерот во прав, па се меша со оладениот фил од ванила и се миксира.

6. Посебно во блендер се ситнат пржените кикиритки со маслото и со медот, за да се добие паста. Пастата се додава во филот и добро се меша.

7. Првата кора се става на послужавник, се прелева со половина од филот, па се прекрива со другата кора и се нанесува остатокот од филот. Се декорира со шлаг од слатка павлака.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.