Брзо и лесно: Посна торта која не се пече

Превкусно!

Многу едноставно, се подготвува буквално за неколку минути. Неколку основни состојки и само малку волја, и добивате многу вкусна торта, која со задоволство ќе ја покажете пред семејството.

Состојки: 

  • 250 грама посен маргарин
  • 200 грама шеќер во прав
  • 600 грама мелени Плазма бисквити
  • 200 милилитри сок од портокал

Прочитајте и: Вкусно посно јадење: Крап печен во рерна

Приготвување:

Изматете ги маргаринот и шеќерот додека не се направи пена, потоа додадете ги бисквитите и сокот и добро измешајте. Тортата е готова. Оваа торта можете да ја обликувате по ваш вкус затоа што е густа и од неа можете да направите различни форми. Да се чува во фрижидер за да се стегне, барем еден час. Тортата можете да ја збогатите со најразлични преливи, овошје или колачи.

По желба, во филот можете да додадете исецкани гумени бомбони, парчиња ресана колачи, наполитанки и слично. Можете да додадете малку замрзнато овошје по ваш избор, а тортата можете да ја украсите со посен шлаг или посно чоколадо.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време