За совршено обликувани нозе: Тренинг што трае само неколку минути (ВИДЕО)

Испробајте!

Постојат неколку клучни делови на телото што сакаме да бидеме убаво обликувани, цврсти и без масни наслојки, а нозете дефинитивно се едни од нив.

Изгледот на нозете зависи од вашата конституција, па дури и од вашето генетско наследство, но тоа не е оправдување затоа што со соодветен тренинг и диета, со малку упорност, можете да ги обликувате нозете до совршенство.

Кога ќе одлучите да ги обликувате нозете, важно е да знаете што сакате. Ако сте тип кој има вишок маснотии што се собираат во пределот на бутовите и сакате да ги стопите мастите и вишокот тежина, најдобро е да се одлучите за кардио вежби во комбинација со специфични вежби за обликување на нозете.

Прочитајте и: Фитнес-мотивација: Ако ви е тешко да тренирате во вашиот дом, овие совети ќе ви помогнат

Ако, од друга страна, сте задоволни со вашата тежина, а важно ви е да ги обликувате и зајакнувате мускулите, практикувајте вежби кои се засноваат на сила и издржливост. Тие се исклучително важни за правилно да се добие посакуваниот ефект.

Без изговори, доколку сакате да започнете веднаш, испробајте го овој тренинг:

За вежби за целото тело, погледнете го тренингот на „ангелите” на Викторија Сикрет. 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.