Вкусно посно јадење: Крап печен во рерна

Предлог за главно јадење

За оние кои се придржуваат кон постите, рецепт за вкусно подготвена риба во рерна. Овој пат крап, односно печено филе од крап. Под услов да го сакате сочното месо на крапот. Некому крапот му е премногу масен, па може наместо него да се искористи друга помалку масна риба, само да биде филе.

Состојки:

  • 500 g филе од крап
  • 2 полни лажици мелени ореви
  • 2 полни лажици презла
  • толчена лута пиперка по вкус
  • сол и бибер

Напомена:

Количината на рибата треба да ја прилагодите кон бројот на луѓе за кои готвите. Тоа би значело дека за една личност користите околу 250 g крап со коски и кожа. Доколку не сте вешти во вадењето на коските, во маркетите и рибарниците можете да купите филе од крап без коски. Сепак, ако немате каде да го набавите, можете и сами да се обидете да ги извадите коските или да зготвите филе од крап со коски. Ако сакате безглутенски оброк, презлата за похување заменете ја со пченкарно брашно, гриз или палента.

Приготвување:

Рерната вклучете ја да се грее на 220°C додека ја приготвувате рибата.

Исчистетената риба посолете ја и додадете бибер. Во чинија измешајте ги презлата (гриз, брашно, палента), мелените ореви и толчената лута пиперка. Крапот извалајте го во мешавината и ставете го на хартија за печење во тава.

Тавата со риба ставете ја во загреаната рерна и печете 15-20 минути во зависност од тоа дали сакате повеќе или помалку печена риба. Кога ќе биде испечена, извадете ја од рерната и дозволете да се олади. Со вака приготвена риба, најдобро е да послужите компир салата.

Компир салатата пригответе ја на следниот начин: Сварениот компир исецкајте го на парчиња, додадете кромид исецкан на кругови, масло, оцет, сол и бибер. Послужете ја како прилог со филето од крап и уживајте во одличниот оброк.

Брз ручек со незаборавен вкус: Шпагети со риба во доматен сос!

 

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.