Еве како ќе живееме по коронавирусот: Ништо веќе нема да биде исто!

Предвидување

Фото: Илустрација

Тврдење на американскиот научник, писател и геолог Грег Брајден

Откако ќе заврши епидемијата, со сите нејзини последици што ќе ги остави на човечкото здравје и на економијата, малку по малку ќе се навикнеме на новата состојба, која ќе ја сметаме за нормална.

Научникот Грег Брајден претпоставува дека нашиот живот ќе изгледа поинаку и ќе бара одредени јасни промени – во општеството, на работа и во начинот на живот на секој од нас.

Меѓу другото, начинот на кој светот досега функционираше е потполно неодржлив, нагласува Брајден.

По коронавирусот, ќе живееме повеќе локално. Сето она што досега сме го набавувале од светот, ќе го набавуваме од некое поблиско, локално подрачје, без разлика дали се работи за храна, лекови или извори на енергија.

Но благодарение на тоа, повеќе ќе ја цениме својата заедница и обичниот човек.

Тоа ќе биде предизвик, но предизвик за кој вреди да се живее. Во одредена смисла, ќе се роди некој нов човек.

Нам ни останува да видиме како ќе не промени искуството со коронавирусот.

Бидете мирни и оптимистични, но не заборавајте да се заштитите и да го зајакнете вашиот имунитет.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.