Животни кризи: Одете им во пресрет на промените!

Совети како да ги надминете

Животот се состои од фази што се прелеваат една во друга, а секоја со себе носи специфични задачи, како и кризи што треба да ги надминеме – за да напредуваме.

Промената е неминовна

Во секоја животна доба, додека ги решаваме зададените задачи, принудени сме да се справиме и со промените и да ги интегрираме во својата личност и во начинот на функционирање својствен за нас.

Меѓутоа, примерите покажуваат дека секој од нас може да преземе мали чекори, кои во одредениот миг ни изгледаат недоволни, бидејќи промената ја доживуваме како огромна, но на крајот, сепак, се соочуваме со сознанието дека, колку и да е голем предизвикот, стравот и болката предизвикани од него можеме да ги поднесеме, без да се скршиме под нив.

Повеќето луѓе на овој начин учат дека можат да веруваат во себе и дека е неопходна отпорност да се издржи непријатноста за да се развиваат и растат.

Важно е да имаме на ум дека на некои луѓе им се поклопуваат среќата, сништата и животот, додека, на други животот им е многу позаплеткан, делумно поради одлуките што ги донесувале, а делумно поради недостигот од среќа – за што не се виновни тие. Во секој случај, корисно е да ја прифатиме ситуацијата во која се наоѓаме, каква и да е, за да можеме да влијаеме на неа и да ја менуваме.

Фото: Getty Images

Кога станува збор за очекувањата, важно е да правиме разлика меѓу реална и лажна надеж. Некои луѓе сонуваат во текот на многу години од животот или не знаат од што се раководеле кога станува збор за врските или работата, па, за жал, непроживеаните, туѓи животи им се попривлечни од животот што го живееле.

Џулија Самјуел заклучува дека сите имаме искуство на побавно приспособување на промената одошто бараат условите, како и палета на негативни емоции, од незадоволство до болка. Нерешените ситуации од минатото доведуваат до потешки транзиции подоцна во животот.

Добар пример се случаите кога одредени членови на семејството одлучуваат да прекинат да контактираат со другите членови на семејството.

Било да се работи за таткото, мајката или браќата и сестрите, евентуалната смрт на тие блиски личности засекогаш може да ја поништи можноста за подобрување на односот, па личноста може да има мошне интензивни негативни чувства.

Фото: Getty Images

Еве што помага

Џулија Самјуел осмисли практичен водич со кој можеме да си помогнеме кога нè парализираат чувствата, наречен „Осумте столба на силата“. Тоа се:

1 Односот кон себе – бидете добри кон себе како што би биле и кон пријателот во неволја.

2 Односот кон другите – приоритет се клучните врски, кои бараат да им посветиме време.

3 Управувањето со емоциите – колку сме посвесни за своите чувства и подготвени да водиме внатрешен дијалог, толку е помала шансата да нè совладаат емоциите, а поголема е веројатноста дека ќе дејствуваме рационално.

4 Времето – како што старееме, така односот кон времето радикално ни се менува и стануваме посвесни за деновите и миговите.

5 Умот и телото – сè што консумираме (јадеме, гледаме, слушаме, зборуваме) ќе влијае на нашиот ум и тело, бидејќи врската е нераскинлива.

6 Границите – личните граници нè штитат од наметливоста. Важно е да го разликуваме она што можеме да контролираме од она што можеме да го менуваме. Важно е и да знаеме што можеме денес во однос на она што сме можеле порано и да ја пронајдеме својата мера.

7 Структурата – ни помага кога времињата се нестабилни, корисно е да биде составена од здрави рутини и навики.

8 Фокусот – фокусирањето на неизговорените фрустрирачки чувства и нивното изразување и ослободување се од пресудно значење за смиреност и здрав живот.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.