Ве каснал комарец? Само нежно со кожата, ве молиме!

Не дозволувајте им да ви ја расипат забавата!

Дали има нешто поприродно од тоа да ги „зариете“ ноктите на местото на кое ве каснал инсект и да се почешате? Сепак, експертите би ви рекле: „повлечете ги канџите!“

Добро, можеби не со тие зборови, но препораката е да го протриете каснатото место, наместо да го чешате, и јадежот ќе престане.

Причината што понекогаш се чешаме до таа мера што предизвикуваме рана на кожата е тоа што не сме способни истовремено да чувствуваме јадеж и болка. Чувството на јадеж го надминува чувството на болка. Затоа, наредниот пат кога ќе ве касне комарец, сетете се дека треба само нежно да го протриете местото на убодот и јадежот ќе помине.

Сепак, ако бара поголемо внимание, ставете ладна облога, а ако сте алергични на инсекти, нанесете антихистаминик.

НАШ ПРЕДЛОГ: гелот Xibiz Bite Instant Relief на „Есенса“, кој се нанесува на местото на убодот од комарец и веднаш ве ослободува од болката и јадежот! Потполно е безбеден и наменет и за деца и за возрасни.

Xibiz Bite Instant relief гел после убоди од инсекти 50 мл содржи единствена формулација на база на натриум бикарбонат, амониум хидроксид и етерично масло од чајно дрво.

Натриум бикарбонатот има благо антивоспалително и антисептично дејство. Се користи против осипи пропратени со симптоми на црвенило и свраб и има исклучително смирувачко дејство.

Амониумовите јони доведуваат до смирување на чешањето, болката и непријатностите и го намалуваат отокот, така да брзо ќе почувствувате олеснување.

Формулацијата е заснована на карбомер, кој овозможува да гелот остане подолго на кожата и апсорпцијата да се одвива постепено, така да има продолжено дејство.

Xibiz Bite Instant relief gel против убоди од инсекти 50 ml е формулиран без присуство на парабени, парфеми и алкохол, дерматолошки е тестиран и на ефикасен и природен начин брзо го ублажува црвенилото, отокот и болката после убоди или каснувања од инсекти, опекотини од медузи, иритации од коприва и слично.

Текст: Б. Стојменовиќ, ПР

Фото: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.