Животни кризи: Одете им во пресрет на промените!

Совети како да ги надминете

Животот се состои од фази што се прелеваат една во друга, а секоја со себе носи специфични задачи, како и кризи што треба да ги надминеме – за да напредуваме.

Триесетгодишната Синди, сопственичка на стартап-компанија, штотуку излегла од врската за која не знаела каде води, па целата своја енергија ја вложила во својот бизнис со телефонската апликација. Израснала во стабилно опкружување, воспитувана е дека може да се постигне сè доколку се потрудиш доволно.

Нејзините односи со семејството биле добри и родителите ѝ помогнале финансиски да го реализира својот деловен план. Притоа, многу внимавала на својот изглед, здраво се хранела и вежбала, била полна со енергија.

Меѓутоа, на деловен план нештата се изјаловиле, бидејќи инвеститорот со кој работела на апликацијата на крајот ја принудил да ја продаде по многу неповолни услови. И не само тоа, ја вовлекол во долгови, така што финансиските извршители тропнале на нејзината врата. Притоа, живееле под кирија и не сакала веќе да бара финансиска помош од родителите.

Во исто време, ја обновила врската со бившиот, па благодарение на заемната страст, повторно почувствувала љубовно прибежиште и емотивна поддршка од негова страна.

Меѓутоа, само по неколку месеци, тој ја ставил врската под знак прашалник и – наместо мир и поддршка, кои во тој период ѝ биле неопходни, повторно ѝ предизвикал одлив на енергијата и загриженост, и тоа во моментот кога доживувала и професионално и финансиско фијаско.

Фото: Pixabay

Ова е само една исповед со која психотерапевтката Џулија Самјуел во книгата „И тоа ќе помине“ ги претставува лицата што се наоѓаат среде животна криза. Кризата на Синди е типична за периодот на младата возрасна доба, а се случува истовремено на љубовен и деловен план.

Животните кризи не предизвикуваат само трагичен настан туку и ситуации што многу често се случуваат во одредени периоди во животот и кои, дури и за најстабилните личности, израснати во функционални семејства,претставуваат предизвик.

Токму тие предизвици се она што му помага на човекот да премине од една во друга фаза на развојот – позрел и посамосвесен.

Пред кои предизвици се наоѓаме?

Џулија Самјуел, која е една од најпознатите британски терапевтки, ни претстави мапа на развојните задачи што ги осмислиле водечките американски психолози Филип и Барбара Њуман.

Животни задачи

Рана возрасна доба (од 18 до 22 години)

  • Автономија во однос на родителите
  • Роден идентитет
  • Усвојување морални принципи
  • Избор на кариера

Млада возрасна доба (од 22 до 40 години)

  • Истражување на интимните односи
  • Раѓање деца
  • Работа
  • Животен стил

Средна возрасна доба (од 40 до 60 години)

  • Управување со кариерата
  • Негување на партнерските односи
  • Грижа за блиските
  • Водење на домаќинството

Рана доцна возрасна доба (од 60 до 75 години)

  • Унапредување на интелектуалните капацитети
  • Пренасочување на енергијата на нови активности
  • Прифаќање на сопствениот живот
  • Развивање гледиште врзано за смртта

Доцна возрасна доба (75 години и повеќе)

  • Соочување со физичките промени поради стареењето
  • Развивање психолошка перспектива
  • Движење по неистражена територија
  • Соочување со смртта

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.