По 2 години врска, добила список правила на однесување од идната свекрва: Се шокирала од она што го прочитала!

Нема да ви се верува

По објавата на овој список, многумина ја советувале оваа девојка веднаш да го остави партнерот

Совршената врска може да се претвори во пекол поради свекрвата, а оваа девојка го искусила тоа на своја кожа и открила како изгледа кога сте во врска со „мамин син“. Поточно, како изгледа кога мајката на вашиот партнер ќе ви се вмеша во врската.

Имено, таа по 2 години врска со дечко за кого мислела дека е идеален, добила список правила на однесување од идната свекрва. Она што го прочитала ја оставило во шок, па сето тоа го споделила со следбениците на социјалната мрежа ТикТок.

Еве што пишувало:

1. Тој не е твој личен банкомат.

2. Ако дојдеш во мојата куќа облечена како егзотична танчарка, ќе бидеш избркана.

3. Ако видам секси-пораки во неговиот телефон, ќе те избркам.

4. Разбери дека ако не ми се допаѓаш, секако ќе те избркам.

5. Разбери дека можам да те избркам.

6. Тој е мамин син. Ако немаш прстен на рака, твоето мислење не е важно.

7. Не си негова заповедничка и не можеш да го менуваш. Прифати го каков што е или прочитај го петтото правило.

8. Тој е џентлмен. Јас го научив тоа. Подобро ти е да се однесуваш како дама за да го заслужиш тоа од него.

9. Знам како можам да одбегнам затвор.

10. Ако успееш некако да ги одбегнеш овие правила и да завршиш со прстен на рака, знај дека ќе бидам нешто полошо од мајка на твојот дечко, ќе бидам твоја свекрва.

По објавата на овој список, многумина ја советувале оваа девојка веднаш да го остави партнерот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.