Јасни знаци дека сте предодредени за големи работи во животот: Само посебните луѓе ги имаат овие особини!

Древно верување

Дали спаѓате во оваа група?

Велат дека секој е испратен на овој свет со одредена мисија, односно дека некои луѓе уште од раѓање добиваат поголема улога од другите. Според древното келтско верување, сите оние што се предодредени за големи работи во животот, ги поседуваат следниве особини. Проверете дали спаѓате во оваа привилегирана група…

1. Отсекогаш ве привлекувале работи што вклучуваат религиозност и фолклор

Љубопитни сте и отсекогаш сте сакале да знаете повеќе на оваа тема. Религијата е нешто за коешто обожавате да учите и слушате.

2. Се чини дека вашите очи имаат магична моќ

Другите луѓе велат дека многу ги привлекува вашиот поглед, како да се маѓепсани. Не мора да кажете ни збор за да ги победите другите во дебата: доволно е само длабоко да ги погледнете и ќе станете победник на расправијата.

3. Уживате да им помагате на другите

Едноставно сакате да им носите среќа на сите околу вас. Тоа веројатно ве довело до професија како што е лекар, медицинска сестра, киропрактичар, масер, советник, ветеринар или нешто слично.

4. Вашиот распоред на спиење секогаш е на едната крајност од спектарот

За вас сосема нормално е да отспиете неколку часа и да имате доволно енергија за целиот ден. Никогаш не сте уморни и секогаш сте подготвени за акција и нови подвизи и мисии.

5. Чувствителни сте на електромагнетни полиња

Поради тоа имате главоболки, стрес, боцки на кожата, јадеж, пецкање, како и други симптоми поврзани со здравјето, кога и да сте во близина на електромагнетно поле. Тоа исто така ги вклучува и сите фреквенции, како што се осветлувањето, телефоните и Вај-фај рутерите.

6. Музиката е ваша љубов

Верувате дека музиката е клучот за изразување, помош да се справите со емоциите и тешките мигови.

7. Се разликувате од другите

Никогаш не сте имале потреба да се вклопите во толпата и тоа никогаш не ви претставувало проблем. Никогаш не обрнувате внимание на туѓите мислења, туку живеете според свои единствени правила и се чувствувате сосема удобно во своја кожа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.