Конечно: Серум што е целосна замена за хидратантен крем за лице Glowy Skin by Pura Perla

Органска нега

Производот е природен антисептик. Ќе ја нахрани кожата, ќе спречи воспаленија и ќе ја заштити од акни и дамки

Серумот за лице за сува и нормална кожа Glowy Skin by Pura Perla е целосна замена за хидратантен крем за нега на лицето. Станува збор за органски производ, кој, иако е 100% маслен, веднаш се впива во кожата, хранејќи ја со богатиот состав на витамини и минерали.

Серумот има долготрајно дејство, а во својот состав вклучува јојоба, составена од естери, слични на човековиот себум со што го одржува балансот околу неговата секреција.

Невенот содржи каротеноиди и флавоноиди. Третира осетлива кожа – лекува и намалува воспаленија.

Маслото од цвет од диви ружи – едно од најлуксузните масла на пазарот. Извор на омега 3,6 и 9 масни киселини, витамини А, Ц, Е и линолејска киселина. Ја ревитализира кожата враќајќи и го убавиот, здрав сјај.

Формулата е збогатена со токоферол или витамин Е, природен антиоксиданс, борец на слободните радикалии, како и со ретинил или витамин А, познат по своето антиејџинг-дејство. Помага во реконструкција на колагенот.

Лавандата, пак, смирува иритација и црвенило. Финален производ ефективен во борбата со стареењето. Не ги затнува порите и ја остава кожата да дише.

Производот е природен антисептик. Ќе ја нахрани кожата, ќе спречи воспаленија и ќе ја заштити од акни и дамки.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.