Магична свадбена бајка во Скопје Мериот хотел

Дозволете Скопје Мериот хотел да биде почетокот на најубавата љубовна магија

Свадбената вечер треба да биде магична, да биде исполнување на желбите на младенците и во согласност со нивната љубовна бајка. Традиционална, романтична, класична, модерна, свадбената свеченост еразлична за секого и ретко кој може да продре во желбите и љубовната приказна на паровите. Затоа е потребно да ја организираат професионалци кои знаат, умеат и можат да создадат магија.

Лоциран во срцето на градот, Скопје Мериот хотел е идеалната локација за свадбената веселба од соништата.

Професионалниот тим на Скопје Мериот хотел може да ги исполни сите желби, да понуди нешто ново, нешто досега невидено и уникатно.Традиционално или модерно, интимно или раскошно, професионалниот тим на хотелот ќе се погрижи замладенците заедно со гостите да се чувствуваат волшебно.

Просториите на Скопје Мериот хотел нудат модерна звучна и осветлувачка технологија, топла природна светлина, а ексклузивната сала која има капацитет до 360 гости, може да биде декорирана соодветно сечии желби. Талентираниот кулинарски тим на Скопје Мериот хотел создава вкусни и уникатни специјалитети, со свадбено мени почнувајќи од 1500 денари со вклучен пијалак, задоволувајќи го сечиј вкус.

За сечија свадбена бајка да биде целосна, младенците го добиваат раскошниот претседателски апартман за првата брачна ноќ, пристап до спа центарот како и вредносен ваучер за Дистрикт бар и ресторан за првата годишнина. Програмата MarriottBonvoy овозможува поени со кој младенците добиваат попуст за нивниот меден месец во сите Marriott хотели во светот.

Дополнително, хотелот нуди попуст од 5% доколку се резервира термин за венчавка во периодот од месец јануари до мај 2020 година.

Вистинските љубовни приказни немаат крај. Дозволете Скопје Мериот хотел дабиде почетокот на најубавата љубовна магија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.