The Amauris Vienna – дијалог на уметноста и луксузот

Во денешно време кога луксузните патувања не се само прашање на престиж и удобност, изборот на уникатен хотел значи избор на совршен чувство и атмосфера која ве очекува за време на престојот во хотелот. При изборот на хотел во некоја од европските престолнини, луѓето денес бараат многу повеќе од она што претставува стандард за врвните хотели.

Ексклузивните европски хотели често се дизајнирани така што зрачат со одреден шарм и карактер кој ги одразува културата и историјата на регионот во кој се наоѓаат. Тежнењето кон услуга која ја надминува стандардната понуда води кон искуство кое ќе обезбеди дополнителна инспирација, препознавање и ценење на естетиката на амбиентот. Сè ова е идеја која ја следат оние кои избираат посебност како своја рефлексија, правејќи го и својот одмор незаборавно искуство.

Кога пред една година ги отвори своите врати на познатата улица Ringstrasse, на адресата Kärntner Ring 8 во Виена, луксузниот бутик хотел The Amauris Vienna стана најновиот бисер на групата Relais & Châteaux, меѓународната хотелска асоцијација која ги здружува независните хотели и ресторани кои се стремат да ја зачуваат и промовираат разноликоста но и традицијата на гостопримството со кои делат исти вредности. Хотелот Amauris се истакнува со својот префинет дизајн, луксузна естетика и внимателно одбраните детали.

Покрај комфорот и ексклузивитетот кој го чувствувате кога ќе влезете во хотелот The Amauris, ќе препознаете и свет кој нуди современа интерпретација на културното наследство. Архитектурата, специфичниот амбиент и уметничките дела кои се наоѓаат во хотелот ќе направат убавината која ја доживувате да стане не само дел од вашето моментално искуство, туку и трајна инспирација која ќе ве следи и по престојот во него.

Сместен во зграда од 1860 година, хотелот The Amauris Vienna го спојува софистицираното наследство на Виена со современиот дизајн и зрачи со вечната елеганција на црно-белата естетика на истоимената пеперутка. Со 62 сместувачки единици, вклучувајќи 17 апартмани од различни категории, хотелот The Amauris нуди врвен дизајн на ентериерот кој е спој на традиција и ексклузивен комфор.

Преку употребата на најквалитетни материјали како дрво и мермер, хотелот создава атмосфера на луксуз и удобност, додека персонализираната услуга дополнително го збогатува искуството.

Хотелот The Amauris Vienna ги поседува сите одлики на ексклузивните хотели во познатите европски метрополи – локација, софистициран амбиент и врвен квалитет на услугата. Но и многу повеќе од тоа, бидејќи овој хотел благодарение на своите специфичности ги надминува стандардните содржини кои се очекуваат во ваков хотел.

Автентичниот карактер на овој хотел се одразува и во уникатната колекција на оригинални уметнички дела кои ги поседува, потсетувајќи на неизбришливата вредност на епохата од крајот на 19 век. Уметничките дела често ја прикажуваат убавината на различни начини и речиси секогаш се прозорец кон светот кој може да инспирира, интригира и го збогатува искуството на престојот.

Портрети, пејзажи или апстрактни композиции ќе предизвикаат различни емоции како радост, возбуда или носталгија. Инспиративните слики може да иницираат идеи, да поттикнат креативен процес и да ги мотивираат луѓето да ги изразат своите мисли и емоции преку уметноста, така што погледот на оваа колекција ќе го поттикне вашиот естетски вкус и сензибилитет. Сликите што се наоѓаат во хотелот се одбрани со вкус и чувство за убавина и како такви внесуваат хармонија, оригиналност и уметнички израз во целокупниот интериер.

Кога ќе се осврнете на уметничката колекција слики во ресторанот Glasswing и во Glasswing Bar & Bistro во рамките на хотелот, ќе ви стане јасно на што се мисли кога се вели дека денес со пари може да се купат многу работи освен традиција и историја. Сликите кои се изложени потекнуваат од периодот околу 1900 година и се дел од уметничката колекција на сопственичкото семејство, која се создавала со генерации.

Виена, како епицентар на културната и уметничката активност, го покажала своето влијание и преку импресионизмот, сецесијата и постимпресионизмот.

Оваа колекција поседува значајни дела од наведената епоха и е импресивна и по изборот на самите дела и по уметниците кои активно придонеле и значајно влијаеле на еволуцијата на уметноста и културата на тој период. Alexander Rothaug, Emil Jakob Schindler, Olga Wisinger-Florian и Carl Moll и нивните дела, секое величествено на свој начин, претставуваат извонредни имиња на уметничката епоха од крајот на 19. и почетокот на 20. век кои го дефинирале уметноста на тоа време.

Освен уживањето во врвните гастрономски специјалитети во ресторанот Glasswing, како и опуштањето во совршено дизајнираните и удобните соби на хотелот Amauris Виена, имајте предвид дека сте опкружени со слики од исклучителна уметничка вредност кои додаваат нова димензија на вашиот престој. Тие слики не се само декорација; тие се прозорец кон минатото, тивок сведок на едно време и сведоштво за богатото наследство кое е содржано во целокупната атмосфера на хотелот.

По примерот на импресионистите од тоа време, застанете за момент и наместо на забрзаното секојдневие, фокусирајте се на моменталните ефекти на светлината која ве опкружува. Дозволете си да бидете различни и иновативни, отворајќи пат за многу правци и токови на уметноста на животот кој ве чека. Но, не ширете збор, чувајте го тоа само за вас.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.