Нов уникатен ресторан во Скопје, со одлична локација и прекрасен поглед на градот!

Магијата во живо е уште поголема за што можете и самите да се уверите доколку го посетите!

Животот е едно прекрасно патување, на кое има навистина убави мигови кои кога ќе се споделат со блиските, стануваат уште поубави!

Прославата на убавите мигови е еден посебен чин кој внимателно треба да се испланира и да биде едно неверојатно искуство, а локацијата е од голема важност на било која прослава. Доколку имате повод за прослава, за вас имаме добри вести – во Скопје има нова уникатна локација која е веќе достапна да ја погледнете и да го резервирате вашиот посебен датум.

Ederra Rooftop е ресторан кој ќе ве освои на прв поглед и веднаш ќе се сложите дека е новиот прв избор кога станува збор за прослава на сите убави моменти во животот.

Ederra Rooftop место кое заради повеќе причини е совршена локација за организирање на поголеми и помали прослави. Се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот, луксузно е опремен, нуди пријатен и елегантен амбиент, и најважно се наоѓа на покрив на зграда и нуди прекрасен поглед на градот.

Внимателно испланиран простор, со прекрасно поставени маси, каде естетиката и модерниот изглед преовладуваат. Комбинација од дрво и зеленило, додека масите се поставени со внимателно избран прибор, од врвен квалитет, кој ќе биде уживање за гостите, проследено со врвната услуга и кујна која ја нуди ресторанот. Професионалното осветлување создава прекрасен амбиент и ја прави прославата уште по магична!

Ресторанот располага со капацитет од 350+ гости, има голема сала, мала сала, тераса и базен, што го прави прилагодлив простор за организирање на поголеми и помали прослави и настани.

Близината до центарот на градот, сопствениот паркинг и прилагодливоста на просторот го прави ресторанот и одличен за организација на бизнис настани и конференции.

Ние со сигурност ќе кажеме дека ова е новото омилено место на скопјани, за што може да се видите преку фотографиите, но ве уверуваме дека магијата во живо е уште поголема за што можете и самите да се уверите доколку го посетите!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.