Совршено место за свадбена прослава од соништата – Вила Касијана

Во близина на центарот на градот, во населба Кисела Вода, се наоѓа магичната и убава Вила Касијана, која е уникатно и посебно место на кое вашите прослави се преточуваат во една љубовна приказна.

Вила Касијана располага со капацитет за 450 гости, и сопствен простор за 230 паркинг-места. Овој прекрасен ресторан е на огромна површина облагородена со хортикултурно уредување, која никого не остава рамнодушен.

Совршена за организирани настани, но специјализирана за свадбени прослави, зад нас имаме многу успешни приказни и задоволни клиенти, но и меѓународно признание за најдобар ресторан за организирани настани, каде што во ноември 2023 Вила Касијана се закити со пехар и медали како апсолутен победник во 7 категории на саемот во Нови Сад.

Нашата услуга е на врвно ниво, а нашата храна вкусна и внимателно одбрана.

Во самиот двор, покрај прекрасната фонтана, се наоѓа и магичното катче под ѕвездено небо, за судбинското „да”. Вила Касијана е совршено место за свадбена прослава од соништата!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.