Рагуза360: Прославете ги вашите значајни мигови во уникатен простор и луксузен амбиент со прекрасен поглед на Скопје!

Премиум ресторан за какво било настан

Атрактивната локација, ентериер и вкусната храна надополнети со беспрекорната услуга, со сигурност ќе ве импресионира вас и вашите гости

Рагуза360 е современ евент центар специфичен по својата локација и амбиент. Оплеменет е со модерен минималистички ентериер и нота на софистицираност со цел да ги дизајнира вашите најважни настани од животот. Прославете во уникатен простор и луксузен амбиент, совршено надополнет со прекрасниот поглед на Скопје. Без разлика дали станува збор за венчавка, корпоративен настан или друг тип на свеченост, нема да погрешите со првиот Rooftop за прослави во Македонија!

СВАДБИ

Доколку вашата свадба ја замислувавте во модерен амбиент, на префинето место кое зрачи со својата софистицираност, тогаш вие сте на вистинското место. Атрактивната локација, ентериерот и вкусната храна надополнети со беспрекорната услуга со сигурност ќе Ве импресионира вас и вашите гости.

НАСТАНИ

Рагуза360 е идеалниот избор за организирање на вашите корпоративни настани. Дозволете да бидеме една од причините за вашата успешно организирана деловна средба. Нашиот уникатен простор, комфор и професионален тим ќе се погрижат вашите идеи да се преточат во реалност.

ПРОСЛАВИ

Нашиот елегантен простор, вкусната храна, брзата услуга и широката палета на дополнителни услуги како што се декорации и анимации, со сигурност ќе бидат доволен мотив да не одберете како организатори на вашиот роденден, крштевка или мекици.

Повеќе информации побарајте на тел: +389 75 398 919 или на мејлот info@ragusa360.com

Веб-сајт: ragusa360.com

Фејсбук: Ragusa360 – Rooftop

Инстаграм: ragusa360

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.