Идеалната рерна за вашата паметна кујна

Паметните апарати за домаќинство во вашата кујна престанаа да бидат прашање на престиж, и најчесто претставуваат наши сојузници во секојдневната битка со времето која секој од нас денес ја води. Модерното живеење ни го наложува токму тоа – да изнаоѓаме начини како домашните обврски да ги завршуваме побргу, а на сметка на тоа да можеме да го користиме драгоценото време како што сакаме и со кого сакаме. Токму затоа сите денес сé повеќе се стремиме кон паметен дом, а кога станува збор за кујната, од исклучителна важност е рерната во која секојдневно се подготвува храна.

Samsung како и секогаш нудејќи фантастичен избор на апарати за домаќинството предничи благодарение пред сé на напредните технологии кои ги инкорпорира во своите производи. Совршен пример за тоа е рерната Samsung Dual Cook Steam и Dual Cook Flex со модернизиран дизајн со која приготвувањето на храната можете да го правите на повеќе начини – да печете на стандарден начин, да готвите на пареа, да додавате пареа додека за дополнителна мекост на печеното месо – и сето тоа во исто време благодарение на системот Dual Cook Steam.

Во оваа рерна можете да приготвувате и две сосема различни јадење истовремено, користејќи ги двете засебни зони – горната и долната – а при тоа различните мириси да не навлезат во храната. На пример, во долната зона можете да ги печете кифличките на одредена температура до половина час или колку и да е потребно, додека во горната зона се подготвува главното јадење – телешки кременадли и компири, за што е потребно повеќе време.

Овој систем наречен Dual Cook Flex освен што овозможува две јадења одеднаш да се прават во две засебни зони, можете да служи и за подготвување на поголеми оброци користејќи ги двете зони заедно како една огромна рерна, совршена на пример за печење на мисирка. А капацитетот на рерната е сигурно поголем од што ви е потребно – 76 литри, кој ви отвора и дополнителни можности за домашното готвење.

Дали знаете дека можете да уживате во совршени пржени компирчиња без да ги пржите на зејтин како што тоа обично се прави? Со рерната Samsung Dual Cook Steam и Dual Cook Flex  ја имате и можноста Air Fry која комбинира специјален послужавник со циркулација на топол воздух што ја обвиткува храната, го елиминира вишокот маснотии и е идеален начин да се готви помфрит, Tater Tots или зеленчук, крцкави однадвор, а сочни одвнатре.

А што се однесува до тоа дали месото ќе го погодите да не биде суво или премногу варено, бидете без грижи, бидејќи оваа рерна го поседува и системот за готвење Air Sous Vide, кој обезбедува рамномерна распределба на топлината насекаде во рерната.

Бенефитот од користење на ваква модерна и напредна рерна за подготвување на храната не се состои само во модернизираниот дизајн и стилски контролниот панел со LCD дисплеј од 4,3 инчи и контрола на допир, туку и во персонализираната контрола, можностите за брз избор на најчесто користените опции кои вашата рерна ги памети и управувањето и мониторирањето на рерната од далечина преку вашиот телефон.

Во вашата SmartThings апликација само додајте ја и поврзете се со рерната, и понатаму се е поедноставно. И тоа не е се, бидејќи на располагање ви е и SmartThings Cooking која ќе ви доставува совети, персонализирани рецепти, потсетници за купување намирници, па дури и неделни планови за готвење – и сето тоа согласно вашите навики на исхрана и готвење.

Сега се може да е навистина полесно и побрзо во кујната, а најдоброто време за купување на ваква рерна, како и други апарати за домаќинството е токму сега, бидејќи Samsung нуди неверојатна поволност од 5 години гаранција на одредени уреди од бела техника за домаќинство. Искористете ја можноста уште сега, додека изборот  поголем.

Повеќе информации за рерната прочитајте на следниот линк:

https://www.samsung.com/mk/cooking-appliances/ovens/nv7000b-6series-dual-cook-flex-full-steam-6series-dual-cook-flex-nv7b6795jak-u3/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.