Samsung Galaxy екосистем: Приказна која ќе ве восхити!

Телефоните на преклоп Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, часовниците од серијата Watch6, како и таблетите од серијата Tab S9 се дел од Galaxy екоситемот на Samsung, чии иновативни технологии, беспрекорниот дизајн и перформаси веќе докажаа дека се пред времето.

Galaxy Z Flip5: Во чекор со најмодерните трендови!

Galaxy Z Flip5 на прва ги плени своите клиенти со ултимативниот кул изглед, беспрекорен дизајн и елеганција на уредот, особено припадничките на понежниот пол, како и младата популација од Џен Зи.  Кога е затворен Galaxy Z Flip5 нуди повеќе можности од кога било досега.

Мал e како компактно огледало и совршено легнува во вашата дланка, што го прави искучително лесен за носење и вметнување во секој џеб или чанта. Љубовта кон малите чантички сега може да се оствари и да ги следи модните треднови, бидејќи овој уред ќе го собере и во најмалите од нив секој пат кога треба да изгледате свечено или елегантно.

Новиот надворешен екран Flex Window е драстично поголем од својот претходник и изнесува 3,4 инчи во целосна правоаголна форма. Токму поради фактот дека ова е најголемиот надворешен екран досега на Самсунг флип телефоните, на него брзо и лесно се пристапува до сите важни информации.

Без да го отворате уредот, можете да ја прегледате и историјата на повици за да враќате пропуштени повици и да одговарате на пораки во движење, користејќи Quick Reply со целосна QWERTY тастатура.

Најразновидното искуство со камерата Galaxy Z Flip5 ги изненади дури и младите. Висококвалитетни селфи фотографии со помош на задната камера, снимање импресивни фотографии без раце и од креативни агли со FlexCam, Super Steady стабилизацијата на камерата со која ќе добивате непречени снимки и слики во движење, се само дел од што овој уред може.

Ноќните снимки и фотографии ќе ви бидат просто совршени бидејќи тука се извонредните подобрени можности со Nightography.

Galaxy Z Fold 5: Замислете, таблет или лаптоп во вашиот џеб!

Новиот, поголем телефон на преклоп Galaxy Z Fold5 кога ќе го отворите, тој станува уред кој во целост ќе го замени вашиот таблет, а во одредени ситуации и вашиот лаптоп. Моќта на извонредниот, голем екран со елегантен дизајн ќе ви  понуди неспоредлива леснотија при носењето на овој уред со тежина од само 253 грама и дебелина на телефонот од 13,4 мм.

Главниот екран од 7,6 инчи на Galaxy Z Fold5 е заслужен за револуционерното искуство за мултитаскинг на мобилен телефон и широк опсег на подобрени функции со кои на лесен и едноставен начин ќе можете да извршувате повеќе задачи и да пренесувате содржини помеѓу повеќе апликации.

Дополнително, потенкиот и покомпактен дизајн на S Pen Fold Edition ќе ви овозможи да ја ослободите својата креативност во секое време, на кое било место. Кога и да имате нова идеја, инспирација или решение за одреден проблем, веднаш можете со S Pen пенкалото да ги впишете на екранот на  Galaxy Z Fold5, чија големина повторно нема да ја ограничува вашата имагинација.

Но Galaxy Z Fold5 не е само полн погодок за сите професионалци, туку е рај и за гејмерите и сите оние љубители на добри филмови и серии. Гејмерите особено ќе уживаат, бидејќи мобилната платформа ја подобрува графиката и користи вештачка интелигенција за да овозможи динамична игра и multi-game функционалност.

А главниот екран од 7,6 инчи ќе ви овозможи простран и непрекинат приказ за да уживате во своите омилени филмови или серии, видеа или игри.

Galaxy Watch 6 серијата паметни часовници мислат на вашето здравје и во денот и во ноќта

Паметниот часовник Galaxy Watch6 или Galaxy Watch6 Classic доаѓаат со уште подобрени функции ориентирани кон вашето здравје. Ги следат вашите циклуси на спиење во текот на ноќта, а штом се разбудите, на вашиот зглоб ќе видите податоци за тоа колку минути сте биле будни пред да заспиете, потоа времетраењето на вашата РЕМ фаза од претходната ноќ, како и времетрањето на лесниот и длабокиот сон.

Функцијата за управување со спиењето на Galaxy Watch6 го анализира квалитетот на вашиот сон, го споредува вашиот тип на спиење со други постоечки модели на спиење  и можете да добиете прилагоден водич за обука за спиење со цел да ги подобрите своите навики за спиење.  А во текот на денот, часовникот е вашиот личен тренер за вежбање.

Сета физичка активност ќе биде евидентирана во вашиот рачен часовник Galaxy Watch6 без разлика дали пешачите, трчате, пливате, практикувате јога или било кој друг спорт, а вашиот напредок исто така ќе можете да го следите на својот рачен зглоб.

Но со Galaxy Watch6 можете и да се забавувате: поврзете го со вашиот Galaxy Z Flip5 и правете селфи фотки од далечина од вашиот зглоб.

Интересен нов начин како вашето селфи да биде најдобро, нели?

Galaxy Tab S9 таблет каков отсекогаш сте сакале!

Извонредните карактеристики на таблетите од серија Galaxy Tab S9 се совршени за дено-ноќна забава еднакво како и за извршување на секојдневните професионални обврски. Без разлика дали ќе се одлучите за Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+, или Galaxy Tab S9 Ultra, ве очекува досега најголемиот Dynamic AMOLED 2X екран произведен од Samsung, со HDR10+ што овозможува прилагодување на тонот кадар по кадар и фрејм по фрејм, со широк и беспрекорен спектар на бои и осветлувања.

Потенки, но помоќни од претходните модели, Galaxy Tab S9 таблетите се опремени со истиот водечки мобилен процесор со молскавична брзина Snapdragon® 8 Gen 2 Mobile Platform за Galaxy.

Иновативната Vision Booster технологија автоматски ќе ги регистрира условите при јака светлина и во склад со нив ќе го прилагоди екранот за искуството да биде уште подобро.

Сите унапредени функции  на таблетите од серијата Galaxy Tab S9 во целост ви овозможуваат да поминете долги часови во стримање, гејмање, бинџување, читање или работење на вашиот нов таблет, бидејќи пред вас е температурно најефикасната Galaxy Tab серија досега со внатрешна комора за пареа, посебно дизајнирана за потребите на таблет со висок интензитет со двонасочна диспрезија на топлина што помага при овозможување и одржување на подобри перформанси во тек на подолг период на користење.

Прочитајте повеќе за сите нови уреди ос линијата Samsung Galaxy на следиве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-ultra-wi-fi-graphite-256gb-sm-x910nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.