Miller Harris Hydra Figue, мирисот на морето

Нирвана за сетилата

Избалансиран, дрвенест, цитрусен и морски мирис

Miller Harris Hydra Figue Eau de Parfum е комплексен дрвенест, цитрусен и морски мирис кој го комбинира плодот на смоква со мирисот на морето. Комбинација на сол, грчки шафран и преработено дабово дрво го доловуваат мирисот на идилата на уметникот на истоимениот Медитерански остров.

Избалансиран, дрвенест, цитрусен и морски мирис внимателно создаден за да го долови органскиот дух, дивата убавина и бавното темпо на грчкиот остров Хидра. Нирвана за сетилата, мирисот се отвора со свежа цитрусна нота од кедар и лимон во комбинација со извонреден пикантен допир на грчки шафран и уникатна нота на узо.

Воодушевувачката бела тубероза и Mirabilis Jalapa додаваат мирен карактер додека кадифениот мошус ги гали елегантните дрвенести ноти на сандалово дрво, амброксан и преработено дабово дрво, за богато и незаборавно патување.

Дабовото дрво се извлекува од претходно искористени буриња со вино. Екстракцијата на масло од жалфија носи нежна ароматична свежина, оддавајќи почит на долго ценетите природни извори на островот.

Горни нори: бергамот, шафран од Грциј, кардамон, ѓумбир, лимон, акорд од узо

Средни ноти: смоква, тубероза, морска сол, жалфија, морски ноти, Mirabilis Jalapa

Долни ноти: дабовно дрво, сандалово дрво, амброксн, кадифен мошус.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.