Samsung Neo QLED TV и OLED TV: Иновацијата и квалитетот како приоритет!

Технологијата напредува од ден на ден. Технолошките компании секојдневно се натпреваруваат кој на пазарот ќе понуди нешто ново и необично што целосно ќе ги воодушеви љубителите на модерната технологија.

Една компанија дефинитивно успеа во ова со претставување на своите нови Neo QLED TV и OLED TV од многу инчи.  Тоа е секако компанијата Samsung, а зошто и како токму оваа компанија, и зошто особено овие уреди се издвојуваат на пазарот, ќе дознаете во продолжение…

Иновативност на завидно ниво на телевизoр каков отсекогаш сте посакувале

За оние кои сакаат совршена рамнотежа помеѓу совршена слика и софистицирани дизајн, новите модели на телевизорите Neo QLED TV и OLED TV се идеален избор. Напредните технологи донесуваат длабоки бои и исклучителен контраст, претворајќи ја вашата дневна соба во кино екран. Тенката рамка и минималистичкиот дизајн дополнително ја нагласуваат елеганцијата на овие телевизори, правејќи ги атрактивен додаток на секој ентериер.

Со Neo QLED TVи OLED TV, телевизорот станува повеќе од уред за гледање содржини. Се трансформира во елемент кој ја дефинира естетиката и функционалноста на вашиот дом. Преку внимателен избор на големина, позиционирање, осветлување и организација, телевизорот станува составен дел од дизајнот, притоа обезбедувајќи незаборавно доживување при гледањето.

Новите модели од Neo QLED телевизори (2023) можете да ги имате во големини до 85 инчи, додека OLED TV до 77 инчи, обезбедувајќи ви вистинско кино искуство во удобноста на вашиот дом. Интегрирањето на технологијата во ентериерот може да создаде уникатен простор кој го одразува вашиот стил додека ги задоволува сите потреби на модерен начин на живот.

Ако случајно се прашувате зошто токму Samsung телевизор, тогаш одговорот е дека благодарение на техничката експертиза и водечките иновации во индустријата за производство на телевизори, Samsung Electronics е признат за лидерство и извонредност на глобалниот пазар, повторно задржувајќи го првото место на глобалниот пазар на ТВ за 2022 година, 17-та година по ред.

Платформата Samsung Knox – синоним за сигурност и заштита

Новата технологија денес значи и дека голем дел од вашите податоци, покрај мобилните телефони, се наоѓаат и во вашиот телевизор. Сепак, компанијата Samsung имајќи го ова предвид, ја вклучува платформата Samsung Knox која е една од софтверските карактеристики со кои дефинитивно може да се пофалат Samsung Neo QLED TV и OLED TV.

Придобивките што оваа платформа им ги носи на корисниците се првенствено повеќеслојна заштита која ги зачувува вашите податоци како што се PIN-кодовите, други кодови и лозинки.

Исто така, сите други уреди поврзани со вашиот омилен телевизор се безбедни, додека истовремено сте заштитени од злонамерни напади, бидејќи оваа платформа автоматски ги блокира таквите дејства и пристапот до сајтовите за „фишинг“. Покрај целосната безбедност, Samsung го оптимизира и вашиот уред преку редовни ажурирања, ревизии и следења за да имате целосно искуство.

SmartThings ви нуди паметен дом

Посветеноста на компанијата Samsung се зголемува од година во година, така што продолжиува и развојот на интуитивната технологија дизајнирана да ги задоволи потребите на своите корисници. Платформата SmartThings, како уште една придобивка на уредите Samsung, овозможува беспрекорна интеграција и поврзување на повеќе уреди, додека безбедноста останува главен приоритет, што им олеснува на корисниците да создадат навистина персонализирано искуство што одговара на нивните преференции и потреби.

Штом го поврзете вашиот телефон со телевизорот преку платформата SmartThings, не само што ќе можете од телефонот да ги давате сите команди за ваше уживање во филмската вечер, туку на големиот екран од телевизорот ќе можете да ги следите и сите други апарати од вашето домаќинство кои се врзани со оваа апликација.

Дополнително, сега SmartThings е поврзана и со платформата Matter, која поддржува повеќе од 280 други производители на уреди за домаќинство. Не треба повеќе да го замислувате вашиот дом како би изгледал во иднина, бидејќи иднината е веќе тука со SmartThings и ви овозможуваа модерно живеење во паметен дом.

Видете ги сите нови модели на Neo QLED и OLED телевизори на следиве линкови:

https://www.samsung.com/mk/tvs/?neo-qled

https://www.samsung.com/mk/tvs/all-tvs/?oled

Повеќе информации за телевизорите со големина на екранот од 77 инчи и 85 инчи прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/

https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn800c-85-inch-neo-qled-8k-smart-tv-qe85qn800ctxxh/

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.