Три години ја убедувал да се омажи за него: Љубовна приказна што остава без здив

Како се засакале Моника Белучи и Венсан Касел

Моника Белучи упорно одбивала да поверува дека постои вистинска љубов, а потоа го запознала Венсан Касел.

Него го биел глас дека е плејбој, дека не ја цени ниту една жена и дека само сака да ги одведе во кревет, па кога првпат ја забележал, таа веќе имала јасна слика за актерот. Мислела дека е премногу арогантен. Но потоа се случил бакнеж и актерката заборавила на сè.

Моника и Венсан првпат се бакнале во сцена во филмот „Апартман“ и никогаш не го заборавиле тој бакнеж. Актерката подоцна зборувала дека нивната љубов не била на прв поглед, но Венсан мудро молчел – сепак морал да ја задржи титулата „плејбој“.

На божествената актерка слободата ѝ значела сè, па Моника одлучила да го живее својот живот, дозволувајќи му на Венсан понекогаш да наврати во него.

Тоа го излудувало славниот актер. Додека сите ги нарекувале „убавицата и ѕверот“, мислејќи дека Моника игра според правилата на Венсан Касел, тој цели 3 години ја молел актерката да живеат заедно.

Се согласила на брак дури кога тој доживеал сообраќајна несреќа. Сепак, претпочитала да биде запаметена како негова вдовица отколку како негова љубовница, бидејќи, како што кажала еднаш, „црната одлично ѝ прилега“.

Откако се венчале, Моника и понатаму не сакала да живее заедно со Касел. И двајцата имале одвоени станови, снимале на различни страни од светот, но очигледно било дека меѓу нив постои голема привлечност.

„Можете да почувствувате страст и кон најлошиот човек што некогаш сте го запознале. Но тоа нема никаква врска со партнерство. Во таквиот однос страста останува, но поважни се довербата, почитта и свеста дека мажот ви е лојален, не во сексот, туку дека едноставно ќе биде тука за вас. Тоа е многу поважно од сексуалната верност“, рекла таа тогаш.

По овие зборови на сите им станало јасно дека опасниот Венсан игра според правилата на Моника Белучи. Сè во нивниот брак се одвивало токму онака како што таа сакала. Не брзала да стане мајка и упорно ја одбивала желбата на Венсан да му роди дете. Првата ќерка ја родила на 39 години, а втората на 45.

Кога ги добил долго посакуваните ќерки, Венсан се преродил, а Моника сето свое внимание го насочиле кон нив две. И наместо децата да ги зближат, тие се разделиле. Се зборувало дека Моника го изневерува сопругот, додека него го поврзувале со млади и згодни актерки.

Тие не коментирале ниту еден од медиумските написи, настанал молк. Венсан Касел нема кажано ниту еден збор за Моника Белучи по разводот.

А Моника – таа отсекогаш знаела дека за таква љубов, зборовите не се доволни.

Како се вљубиле Моника Белучи и Тим Бартон? Тој ја оставил сопругата, а таа во „ѕверот“ нашла гениј!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.