Како се вљубиле Моника Белучи и Тим Бартон? Тој ја оставил сопругата, а таа во „ѕверот“ нашла гениј!

Совршена двојка

Се сретнале на вистинското место во вистинското време – навиваме оваа врска да потрае што подолго

Моника Белучи нема заиграно во ниту еден филм на својот нов љубовник, американскиот режисер Тим Бартон. Тој имал свои музи, а таа инспирирала други автори. Сепак, моментално тие се во центарот на вниманието на светската јавност, која се чуди како токму тој ја освоил жената што повеќепати била прогласувана за најубава на светот. Ги нарекуваат „убавицата и ѕверот“, но тоа нема врска со вистината.

Моника е прекрасна, но Бартон воопшто не е ѕвер, туку е една од најголемите и најинтересните личности во американската кинематографија во последните 50 години.

Прекрасната Италијанка има остварено многу забележителни улоги, но сепак, најпозната е по својата убавина. На 51 година ја има одиграно најстарата девојка на Бонд во филмот „Спектра“. На почетокот на кариерата, на снимањето на францускиот филм „Апартман“ го запознала актерот Венсан Касел, за кого се омажила во 1999 година.

Тој му бил син на големиот актер Жан-Пјер Касел, и со влегувањето во нивното семејство, таа станала членка на високото француско општество. Во период од 6 години добиле две ќерки, Дева и Леона, глумеле заедно во филмовите „Доберман“ и „Пакт со волците“, живееле во многу земји и се развеле по 14 години брак. Актерот „паднал“ на шармот на 30 години помладата Тина Кунаки, со која има ќеркичка Амазонија.

Од друга страна, Тим Бартон бил во брак со Хелена Бонам Картер која важи за култна англиска актерка со аристократско потекло. Има играно во девет негови филмови, од кои најпознат е „Свини Тод, демонскиот бербер“. И двајцата се ексцентрични, живееле на ист кат во одвоени станови споени со ходник, бидејќи Хелена не можела да го поднесе неговото ‘рчење и неуредност. Имаат син Били Реј и ќерка Нел, кои живееле во посебна куќа со дадилка.

Бартон (кој се школувал за аниматор) уште на почетокот на кариерата бил сметан за генијален, па Холивуд му дозволувал да снима што сака. Неговите филмови „Битлџус“ со Мајкл Китон, „Едвард со рацете-ножици“ и „Заспаната долина“ со Џони Деп (кој му е еден од најдобрите пријатели) го потврдуваат неговиот чуден, бизарен и неодолив стил. На премиерите на своите филмови секогаш носи чорапи со линии, бидејќи верува дека му носат среќа.

Моника и Бартон, всушност, се совршен спој на харизматична убавица и исто таков режисер. И двајцата биле во брак со многу интересни партнери. Моника до пред некое време кратко била во врска со 18 години помладиот уметник Николас Лефевре, но на жена со животно искуство како нејзиното ѝ треба некој токму таков како Тим Бартон.

Па, „убавицата и ѕверот“? Попрво би кажале „убавицата и генијот“, а тоа е полн погодок!

Моника Белучи има нов дечко и сите се во ШОК: Актерката уловена рака под рака со најголемиот чудак во Холивуд!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.