Samsung уреди кои се грижат за вашето здравје

Ако некој уред постојано ни е при рака, тоа е несомнено телефонот. Во овој мултинаменски уред се наоѓаат нашите професионални ангажмани, огромен дел од приватниот живот, со овој уред сме во контакт со сите и, воедно, неговиот екран ни претставува прозорец кон светот за сите и секакви информации кои нé интересираат.

Токму поради фактот што секојдневното живеење ни се случува, меѓу другото, и на мобилниот телефон, кога сме соочени пред изборот на каков уред е најдобар за нас, потребно е да земеме предвид повеќе аспекти, и тоа не само од естетска или функционална гледна точка, туку и што тој уред може да направи и за нашето здравје, бидејќи има и такви.

Она што Samsung како гигант меѓу најквалитетните производители на мобилни телефони и преносливи уреди секогаш го зема предвид, е грижа за здравјето на своите корисници.

Со апликацијата Samsung Health, вашиот Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 ќе биде и уред за управување со личното здравје.

На неа можете да следите мноштво од статистики и параметри кои се однесуваат на вашиот организам и благосостојбата, кои вклучуваат мерења на составот на телото како тежина, телесни масти, скелетни мускули.

Овие мерења, всушност, ги врши вашиот паметен часовник Galaxy Watch6 од вашиот зглоб, и откако за миг ќе ги пренесете на телефонот, ќе добиете прегледни анализи според кои ќе поставите и цели кои сакате да ги постигнете, а за нивно остварување апликацијата Samsung Health ќе ве обезбеди со совети и насоки за подобрување и одржување на здравјето.

Истото ќе го добиете и за подобрување на вашиот сон, имајќи предвид дека секој ден започнува и завршува со сон, што го прави суштински дел од здравиот начин на живот.

Вашиот часовник ќе ги зачува мерените параметри во текот на ноќта кои се однесуваат на вашите фази на спиење, движењето на вашето тело во текот на спиењето како и нивото на кислородот во крвта, рчењето, додека пак во телефонот ќе можете да ги следите подобрувањата и да добиете програма за спиење и тренинг за здрави навики на спиење.

Редовната физичка активност е формулата за здрав живот

Доброто здравје е сечиј приоритет, а огромен дел за негово остварување е присуството на физичката активност во нашиот живот.

Ако пешачите, трчате, возите велосипед, планинарите, Samsung Health на вашиот Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 ќе го анализира вашиот тип на вежбање и ќе ви дава совети како да стигнете до посакуваните цели со зададени рокови и бројки кои сакате да ги постигнете.

Едноставно, пред да започнете со тренингот, поставете ја патеката на вашиот телефон, а увезената датотека ќе ве обезбеди со информации за локација, надморска височина, време и други податоци кои ве интересираат.

Исто така, овие индивидуални вежбања или тренизи можете да ги направите и групни, односно интерактивни преку Samsung Health.

Поврзете се со пријателите и семејството и организирајте пријателски натпревар, и на тој начин ќе можете и на другите да им влијаете да бидат одговорни и да на добар пат кон нивните цели.

Имајте на ум и дека на поврзаната релација телефон – часовник можете да ги поврзете и Galaxy Buds2 Pro слушалките и да уживате во екосистемот на Samsung, кој е создаден не само да ви го олесни животот, туку и да му даде доза на модерност и уште поголемо задоволство во секојдневните мали и големи работи.

Повеќе информации за производите можете да ги разгледате на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-47mm-silver-bt-sm-r960nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.