24/7 здрав живот со Galaxy паметните часовници

Да се живее здрав живот треба да е сечиј приоритет, а огромен дел од остварување на оваа цел е присуството на физичката активност во нашиот живот. До каде сте вие со дисциплината за редовно вежбање?

Без разлика дали вашата цел е насочена кон совршена форма, одржување кондинција, или пак кон здрав начин на живот, физичката активност, спортувањето или јогата треба да се одржува во текот на целата година. Сепак не секогаш е лесно да излеземе од нашата конфортна зона, ладните газирани сокови да ги замениме со ладен зелен чај, да ја облечеме опремата за вежбање и да се фрлиме на вежбање.

Некогаш ни е потребна дополнителна мотивација, а токму затоа тука влетуваат најновите паметни часовици – серијата Galaxy Watch6, која како здравствен тренер делува од вашиот зглоб со прецизно следење и снимање на здравствените податоци.

Започнете го денот со проверка на вашите циклуси на спиење

Секој ден започнува и завршува со сон, што го прави суштински дел од здравиот начин на живот. Покрај тоа, доброто спиење е поважно од долгото спиење, а новиот Galaxy Watch6 ви ги следи циклусите на спиење во текот на ноќта, прикажувајќи ви ги сликовито вашите циклуси на спиење.

Штом ќе се разбудите, на вашиот зглоб ќе видите податоци за тоа колку минути сте биле будни пред да заспиeте, потоа времетраењето на вашата РЕМ фаза од претходната ноќ, како и времетрањето на лесниот и длабокиот сон. Часовникот сеопфатно ја следи вашата активност додека спиете, како што се циклусите на спиење низ кои поминувате, мрдањето и вртењето, колку пати сте се разбудиле итн., обезбедувајќи вкупен резултат за спиење врз основа на квалитетот на сонот.

Функцијата за управување со спиењето на Galaxy Watch6 го анализира квалитетот на сонот на корисниците во четири фази врз основа на тоа колку длабоко спијат. Откако часовникот ќе сними и анализира седум дена сон, апликацијата го споредува типот на спиење на корисникот со други постоечки модели на спиење. Корисниците можат да добијат и прилагоден водич за обука за спиење со цел да ги подобрат своите навики за спиење.

Следете ги физичките активности и напредокот на вашето тело

Сета физичка активност ќе биде евидентирана во вашиот рачен часовник Galaxy Watch6 без разлика дали пешачите, трчате, пливате, практикувате јога или било кој друг спорт, а вашиот напредок исто така ќе можете да го следите на својот рачен зглоб. Дури и ако пред тренингот заборавите да означите почеток на вежбањето, бидете без грижи, бидејки Galaxy Watch6 преку вклучената автоматска детекција за вежби, веднаш препознава зголемена физичка активност и ги зачувува податоците.

Тој ќе ја препознае вашата физичка состојба и со зачувањето на секојдневните параметри од вашето вежбање, ќе биде во можност да го мери срцебиењето според вашиот капацитет и да оптимизира зона за срцебиење што ќе ви одговара. Откако оваа зона ќе биде поставена, ќе можете да добивате известувања секој пат кога ќе бидете во неа за време на вашите тренинзи.

Црпете мотивација од вашиот Galaxy Watch6

Поминувањето повеќе време надвор со вежбање или активности на отворено може да ви помогне да се опуштите и да се поврзете со природата. Благодарение на зголемената издржливост и неговата паметна функционалност за помош при вежбање, Galaxy Watch6 е совршен партнер за вежбање, кој ви прави друштво и ви помага да останете мотивирани за време на секоја активност на отворено.

Ако уживате во пешачење или возење велосипед на долги растојанија, стандардните паметни функции базирани на GPS ви помагаат да ја мапирате вашата рута, а доколку сте во странство, со меѓународниот роаминг на Galaxy Watch6 ви овозможува да продолжите да ги користите картите и да знаете каде треба да се движите.

И уште нешто…

Колку и да не можеме мобилните телефони да одвоиме од нашето секојдневие, сепак сите сме свесни дека честопати и непотребно поминуваме премногу од драгоценото време на одредени апликации, на социјални мрежи или едноставно скролајќи низ телефонот.

Со серијата паметни часовници Galaxy Watch6 можете слободно телефонот да го оставите во другата соба, притоа негрижејќи се дека ќе пропуштите важен повик или порака. Поврзете го Galaxy Watch6 со вашиот нов телефон Galaxy Z Flip5 и од вашиот зглоб одговарајте на повици или пораки, а времето искористете го за нешто друго, продуктивно. Или пак едноставно читајте книга.

Но поврзаноста на Galaxy Watch6 со вашиот Flip5 не запира тука: Од вашиот рачен зглоб можете да пристапите во вашиот телефон и оттаму да со еден клик да правите фотографии или видеа од далечина и секако да зумирате.

Новите паметни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic се веќе присутни кај нас и чекаат на вас. Но, погледнете ги другите најнови паметни уреди од серијата Galaxy на Samsung со кои вашиот живот ќе го направат полесен и повеќе ќе уживате.

Ако сте студент или професионалец кој е постојано во движење или ако барате уред кој е како компјутер кој што ќе го користи целото домаќинство, новите таблети од серијата Galaxy Tab S9 се одличен избор.

Ако размислувате за промена на телефонот, или едноставно ако не можете да одолеете на врвниот дизајн и единствен шарм на новите Foldables телефони, погледнете ги и заљубете се во новите Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5.

Сите производи можете да ги разгледате на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-47mm-silver-bt-sm-r960nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/?product1=sm-t875nzkaeuf&product2=sm-t736bzkaeuc&product3=sm-t976bzsaeuf

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.