Навики што му го скратуваат животниот век на вашиот лаптоп, а ги правиме СИТЕ!

Прочитајте во продолжение!

Само затоа што се вика „лаптоп“ (lap на англиски значи скут) не значи дека треба постојано да го држите во скут. Не заборавајте дека процесорот е мозокот на компјутерот и може да прегрее пред сè како резултат на позиционирањето на лаптопот.

Честопати вентилаторот се наоѓа на дното на лаптопот, каде што има мала вентилација. Но, ако тој отвор е покриен со панталони или ќебе, вашиот лаптоп може да се прегрее или внатре може да почне да се таложи прашина.

Лаптопот треба да се исклучува барем на секои 2-3 дена. Лесно е да го поклопите капакот на лаптопот на крајот на вечерта, така што следното утро ќе се активира за неколку секунди, но ако го оставите постојано вклучен тоа значи дека нема да можете да ги добиете ажурирањата што ви се потребни. Затоа, исклучувајте го барем еднаш неделно.

Антивирусниот софтвер е од суштинско значење за одржување на вашиот систем, бидејќи вирусите можат да направат голема штета врз вашиот лаптоп.

Премногу отворени табови може да доведат до катастрофа. Не заборавајте дека колку повеќе вашиот процесор треба да работи, толку повеќе топлина ќе генерира, што на крајот ќе го скрати неговиот животен век.

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.