Паметен кревет: иновација што воодушевува

Прво имавме паметни телефони, потоа излегоа паметни телевизори и часовници, па ги претворивме домовите во паметни оази што наместо нас вршат најразлични домашни работи. И, кога мислевме дека ништо не може да нѐ изненади, се појави паметен кревет.

Оваа иновација е наречена „Хај бед“ и, иако штотуку е дизајнирана, има голема заинтересираност за неа.

Првиот паметен кревет го дизајнира италијанскиот архитект Фабио Винела за „Хај ентериорс“, а она што го издвојува овој модел од класичните, на кои спиеме секоја вечер, се секако напредните технолошки опции што го прават спиењето малку посебно.

Имено, овој кревет ќе ви помогне да го следите вашиот сон, но и да направите детална анализа на квалитетот на воздухот и на нивото на бучавата, што, според креаторите, ќе ви осигури најквалитетен одмор во текот на ноќта.

Покрај тоа, креветот е опремен со интересни додатоци, како што се бело платно, наменето за гледање на омилените серии и филмови, кои лесно можете да ги пуштите со притискање копче, па ќе се чувствувате исто како во најудобното кино.

Фактот што, покрај сите додатоци, е составен само од едноставна дрвена рамка и душек од мемориска пена, прави овој кревет на прв поглед да изгледа доста обично, а токму тоа сакале да го постигнат креаторите на ова чудо за најдобар сон.

Нивната цел беше да ги комбинираат најдобрите карактеристики на обичниот кревет и, се разбира, новите технологии, а во тоа секако успеаја.

Текст: Home Style

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.