Иднината е сега: 2 хајтек-иновации што ќе ви го сменат погледот на светот

Во чекор со хајтек-иновациите, и ги претставуваме чудата на технологијата кои, дефинитивно, ќе го сменат вашиот поглед на свет.

ПАМЕТЕН КУФЕР

Тимот на компанијата Travelmate Robotics осмисли неверојатна технолошка сензација – куфер на тркалца што ве следи во чекор. Станува збор за куфер со модерен дизајн, кој во себе има градено систем за следење, сензори за полесно движење и заобиколување пречки, како и вага – за да знаете колку тежи вашиот багаж. Се произведува во шест бои, а цената на овој совршен гаџет за патување се движи од 1.000 до 1.500 долари.

ГИ ОТВОРА СИТЕ ВРАТИ

Компанијата „Токен“ лансира револуционерен повеќенаменски прстен, кој отклучува автомобил, влезната врата, компјутер и уште многу други нешта. Token Ring функционира преку „блутут“, а преку него може да се плаќаат и сметки.

Батеријата му трае до шест недели, а со него оди и соодветна апликација, благодарение на која многу едноставно можете да ги нагодите сите негови волшебни можности. Достапен е во шест големини, а цената на основниот прстен изнесува 249 долари, а на моделот со додатоци 399 долари.

Текст и фото: „Убавина и здравје“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.