Тони Цетински за забраната на српски пејачи во Хрватска: Политичарите сакаат да не поделат! (ФОТО)

Реален!

Тони Цетински го искоментирал тоа што на некои српски пејачи им е забрането да пеат во Хрватска.

Пејачот инаку вчера направил спектакуларен концерт во Књажевац во Србија, каде имало 4.000 луѓе, а пред настапот разговарал со медиумите.

Тони бил искрен, па зборувал за ситуацијата со која се сретнале неговите српски колеги…

„Јас целиот живот ширам само љубов, забраните никогаш не ме интересирале. Тоа што некои политичари се обидуваат да не поделат, до мене не допира“ – започнал Тони.

„Не гледам никаква разлика помеѓу луѓето на Истра, Ровињ и Књежевац на пример. Би сакал да сфатат сите луѓе дека сме исти, а кога ќе го сфатат тоа ќе ни биде поубаво. Јас доаѓам од Истра. Не забранувам никој, не сакам забрани и не сум за нив. Мене ми е најтешко, бидејќи јас ширам љубов цело време преку песните. Не сакам да учествувам воопшто во тоа што медиумите и политичарите сакаат да го наметнат“ – изјавил Цетински.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.