Внесете ја иднината во вашиот дом со апаратите за домаќинство од Samsung

Концептот на домот на иднината вклучува употреба на иновативни технологии за создавање паметен, енергетски ефикасен, удобен и функционален дом. И се чини дека управувањето со апарати за домаќинство е еден од нашите приоритети.

Еден од клучните аспекти на домот на иднината е дефинитивно паметната автоматизација.

Паметните системи овозможуваат интеграција на различни уреди и системи во домот како осветлувањето, термостатите, безбедносните системи и домашните апарати, и сите тие можат да се контролираат преку паметните телефони, овозможувајќи им на корисниците да ги приспособат поставките и да управуваат со својот дом на удобен и интуитивен начин.

Едноставно управување и пристап до различни содржини

Покрај тоа, енергетската ефикасност е сè поважна, така што овие системи можат автоматски да ги приспособат поставките за да ја оптимизираат потрошувачката на енергија. Но не сме сите врвни познавачи на технологијата, па затоа важно е и таквите уреди да овозможат забава, лесно управување и пристап до различни содржини, за да може секој од нас своето секојдневие да го направи што е можно полесно, попрактично и интересно.

Иновации кои ги олеснуваат домашните работи

Иновативните технологии играат сè поважна улога во олеснувањето на домашните работи. Еве неколку начини на кои можете и вие да го направите тоа:

Паметни машини за перење и сушење: иновативните технологии во машините за перење овозможуваат ефикасно перење алишта, со помала потрошувачка на енергија, но со поголем капацитет. На пример, новите машини за перење и сушење со вештачка интелигенција на Samsung ефикасно, интелигентно и темелно ги перат сите алишта со технологијата за перење со ладна вода Ecobubble.

Машината за перење со AI Eccobubble и AI Wash одредува колку е потребно вода и детергент да се користат според видот и нивото на валканост на алиштата и на тој начин овозможува подобра нега на ткаенината. Исто така, го препознава типот на ткаенината и ја оптимизира количината на меурчиња, времето на перење, температурата и брзината на барабанот.

Конечно, со AI Control може да го „персонализирате“ циклусот на перење и сушење бидејќи апликацијата SmartThings ви дава совети за циклуси, планирање и решавање проблеми.

Дигиталниот инвертот на оваа машина за перење алишта има гаранција од 20 години, и дополнително –  за да можете да се опуштите додека технологијата ги извршува домашните работи наместо вас, овие апарати имаат вградени силни магнети за потивко работење.

Потребата за паметен дом денес е поизразена од било кога претходно

Денес, кога слободното време е толку многу драгоцено, секому е потребен начин како домот да сјае, а обврските во домаќинството да бидат бргу и лесно завршено. Токму затоа тука е  паметната правосмукалка Samsung Bespoke Jet Al, која покрај тоа што има многу елегантен дизајн, е и една од најмоќните Samsung стик правосмукалки на пазарот со HexaJet Motor, кој создава моќ на вшмукување до 280 W, а мултициклонската филтрација на воздухот задржува 99,99 % од најмалите честички прашина.

Покрај тоа, содржи и батерија која трае 100 минути, што е доволно за чистење на целата куќа. Благодарение на вештачката интелигенција, правосмукалката препознава различни типови на подови и темелно го чисти секој од нив, додека ротирачкиот циклон отстранува 99% од влакната (вклучувајќи ги и влакната од домашни миленици, се разбира!) благодарение на технологијата Air Spin Edge.

Конечно, едноставно и хигиенски испразнете го садот за прав и наполнете ја правосмукалката преку мултифункционалната станица за чистење.

Помогнете во секојдневните задачи

Паметни асистенти: Паметните телефони често доаѓаат со вградени виртуелни асистенти како Google Assistant. Тие можат да ви помогнат да ги организирате домашните обврски, да поставувате потсетници, да управувате со списоците за купување или да обезбедите корисни информации што ги олеснуваат секојдневните задачи.

Апликации: Апликацијата SmartThings ви овозможува да ги следите и контролирате сите ваши паметни уреди на едно место – на телефонот, таблетот, паметниот часовник, телевизорот Samsung и фрижидерот. Апликацијата беспрекорно функционира на секој телефон и е компатибилна со илјадници паметни уреди.

Паметно Wi-Fi поврзување: Преку апликацијата SmartThings, Smart Wi-Fi ви помага да ја прилагодите правосмукалката за оптимално чистење и практичност, т.е. да ги контролирате функциите и поставките. Паметната самодијагностика ја следи вашата историја на чистење и ви нуди приспособени совети за одржување.

Збогатете го вашиот дом со фантастичните уреди за домаќинството од Samsung и уживајте  со производите со врвен квалитет. Иднината е веќе тука, треба само да ја внесете дома!

Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/bespoke-ai-laundry/

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww9400b-front-loading-ai-ecobubble-ai-wash-bespoke-design-with-space-max-11kg-white-ww11bb944dghs7/

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/bespoke-jet-ai-black-vs28c9784qk-ge/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.