Откриваме нови начини за работа со Galaxy Z Fold4 за зголемување на продуктивноста

Новите трендови наложуваат работа во движење, па токму затоа, мобилноста на работното место е меѓу деловните приоритети. Бизнисите од сите видови и големини учат како да работат и да бидат успешни во оддалечени и хибридни работни средини. Всушност, некои истражувања покажуваат дека само 25 отсто од вработените ширум светот се враќаат во канцеларија во сите пет дена во неделата.

Пандемијата ги отвори можностите на организациите да ја ресетираат својата визија за работното место на иднината. Вработените сакаат поголема флексибилност, а работодавците ефикасна соработка и продуктивност.

Во комбинација со апликациите базирани на cloud, мобилните уреди – поконкретно, мобилните уреди на преклоп – го прават и повеќе од успешен хибридниот начин на работа, со овозможување на подостапен работен простор што буквално можете да го отворате и затворате додека сте во движење со само еден преклоп!

Мобилната технологија игра сериозна улога во нашата работа повеќе од една деценија и нема причина да се забави. Но, носителите на ИТ-одлуки на претпријатијата и лидерите на ММБ мора да се запрашаат: Како да го направиме следниот чекор во создавањето на најпродуктивната, ефикасна мобилна работна сила досега?

Мобилен под микроскоп                   

Претходно, за добра работа требаше квалитетна технологија за секој вработен во канцеларија компаниите. Но, со појавата на пандемијата, се јави поголема потреба од мобилност на вработените и работа од дома. Токму затоа, мораше брзо да се реагира за лесно да се замени традиционалната со домашната канцеларија, опремувајќи се со технологија која лесно може да се пренесе од едно на друго место, а воедно да биде на ниво на секоја задача.

Сето ова се случи небаре преку ноќ, а потребата секојдневно да примаме телефонски повици, да проверуваме е-пошта и да извршуваме работни задачи далеку од вообичаените канцеларии, ги стави под микроскоп можностите на нашите мобилни уреди.

Мобилност и флексибилност

Суштината на денешните дискусии на работното место е драстично поинаква од пред две и пол години. Нашите рутини се сменија засекогаш. Работата сега значи примање видео повици, уредување документи, соработка, комуникација и пристап до се што ни е потребно за да бидеме продуктивни, каде и да сме. И често, мораме да го правиме сето тоа во исто време.

Овој вид мултитаскинг бара уред кој е пренослив, но моќен, компактен без компромиси. И тука на сцена доаѓа Samsung  Galaxy Z Fold4. Galaxy Fold4 е резултат на постојани иновации во областа на паметните телефони Samsung Galaxy и најмоќен паметен телефон досега.

Тој ја комбинира Samsung експертизата во мобилната технологија и претставува уред со зголемена функционалност, без разлика дали е отворен, затворен или во Flex режим . Исто така, ова е првиот уред со Android 12L, специјална верзија на Android која Google ја има креирано за големи екрани, вклучувајќи и уредите на преклоп.

Мултитаскингот со Z Fold4 е полесен од било кога, така што корисниците можат да работат повеќе дури и кога се во движење. Новиот таскбар  прикажува распоред сличен на оној на компјутерите и нуди пристап до вашите омилени и неодамна користени апликации.

Мултитаскингот исто така е попрегледен благодарејќи на новите гестови за лизгање. Можете веднаш да се префрлите од апликации на цел екран на повеќе прозорчиња или да го поделите екранот на пола со цел полесно да извршувате повеќе работи истовремено.

Партнерствата на Samsung со компаниите Google и Microsoft го подигаат скалилото кога станува збор за извршување на повеќе работи истовремено. Google апликациите, вклучувајќи ги Chrome и Gmail, сега ја поддржуваат Повлечи-и-Пушти функцијата, што на корисниците им овозможува брзо да копираат и пресликуваат линкови, фотографии и друго, од една апликација во друга.

Со Google Meet, корисниците сега можат да се поврзат со повеќе луѓе додека уживаат во заеднички виртуелни активности, вклучувајќи заедничко гледање видеа на YouTube или играње видео игри преку видео повик.

Комплетниот Office пакет и Outlook на Microsoft ги користат предностите на дисплејот на преклоп и пружаат повеќе информации на екранот и побрзи начини на интеракција со содржината. Мултитаскинг искуството е комплетирано со S Pen пенкалото , кое овозможува цртање во движење и фаќање белешки со поедноставено складирање во стоечки поклопец со футрола за пенкало. Флуидно, лесно и интуитивно!

Консолидација на уреди за хибридно работно место

Работниците се пред сè потрошувачи, така што она што почнува да расте во приватниот живот често станува мејнстрим во деловниот свет; деловната работа и приватниот живот се испреплетуваат.

На хибридно работно место, префрлањето помеѓу различни уреди го нарушува протокот и ја попречува продуктивноста. Тешко е некој да се фокусира кога често се најавува и одјавува, презема документи, уредува, пишува и притоа постојано менува уреди. Ако можете да ги консолидирате вашите три најкористени уреди – паметен телефон, таблет и компјутер – во еден уред, веднаш би ја подобриле вашата ефикасност.

Samsung Galaxy Z Fold4 е тој уред. Преклопен, тоа е паметен телефон. Отворете во режим flex или рамно, се проширува во таблет. Поврзан со монитор или екран користејќи Samsung DeX, станува компјутер. DeX ви овозможува да го претворите вашиот мобилен уред во десктоп компјутер со безжично поврзување со монитор. Целата канцеларија, преклопена во џеб!

Galaxy Z Fold4 е создаден на видео конференции, а благодарение на функцијата Multi-Active Window, можете да работите во најмногу три апликации истовремено, што ви овозможува да креирате PowerPoint додека правите белешки на видео повик. Работниот простор од 7,6 инчи ви дава повеќе од доволно простор за да ја завршите работата каде што сакате, како што сакате.

Без разлика дали сте сопственик на мал бизнис, стартап претприемач или работник во движење, Galaxy Z Fold4 ги комбинира моќта и брзината на вашата дланка за да го трансформира начинот на кој ја завршувате работата.

Искористете го промотивниот период и добијте уште повеќе!

Она што е и повеќе од потребно е доволно простор за сите фотографии, документи, фајлови. Денес, буквално целиот живот ни е сведен на меморијата на нашите уреди.

Дека Galaxy Fold4 e уредот создаден за Вас, го потврдува и фактот што со купување на истиот добивате 6 месеци мемориски простор од 100GB во OneDrive облакот.

За детали, посетете ја страницата https://www.samsung.com/mk/offer/one-drive-promo-2022. За квалитетно поминато слободно време со купување на Galaxy Fold4 добивате 4 месеци бесплатен YouTube Premium за да уживате во гледање офлајн, гледање без реклами и видеа во заднина, сега со 5G.

Промоцијата важи за уредите кои ги исполнуваат условите во периодот помеѓу 1 февруари 2022 година до 1 април 2023 година. Повеќе информации на: https://www.samsung.com/mk/offer/youtube-premium-z-series-2022.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.