4 причини зошто по користење на Samsung Galaxy S22 Ultra 5G сите други телефони се чинат недоволни

Samsung Galaxy S22 Ultra 5G во e моментов најдобриот паметен телефон на пазарот. Има ред функционалности и карактеристики поради кои се издвојува но ова се 4 причини поради кои ќе ве освои.

Љубов на прв поглед

На прв поглед ве освојува тоа што телефонот е потежок, мазен со совршен дизајн и едноставно гледате луксуз во рака. По вклучувањето се нурнувате во богатство од живи бои, светол екран и неверојатно искуство не само за окото туку и за сите сетила.

Ова е најдобриот екран на телефон досега. AMOLED панелот на Galaxy S22 Ultra 5G не само што е посветол, што го прави идеален за гледање на отворено, туку обезбедува подобра заситеност на боите. Екранот од 6,8 инчи е нежно заоблен, така што додава одредена естетска привлечност без да доведе до случајно притискање на екранот.

По искуството со ваков екран едноставно е незамисливо да се вратите на екран кој треба да го засолните со рака или да застанете во сенка за да нема отсјај на екранот.

Камера која го одзема здивот

Со оглед на огромното место што во современото секојдневие го имаат камерите, видео и фото содржината и потребата да комуницираме визуелно. Galaxy S22 Ultra 5G е совршен за да обезбеди најнапредно искуство со камера досега. Има ултра широка камера од 12 MP на задната страна, 108 MP широка и две телефото камери од 10 MP, додека предната камера е со 40 MP.

Galaxy S22 Ultra 5G има ексклузивен пристап до апликацијата Expert RAW, која располага со сеопфатна низа алатки за уредување во камерата.

Со помош на новата функција Nightography, како и технологијата Adaptive Pixel, камерата пропушта повеќе светлина, правејќи ја содржината на фотографијата повпечатлива, дури и во темница. Најпаметната камера на Samsung овозможува зумирање што ќе ве доближи до 100x до она што сакате да го овековечите, а со новите функции базирани на вештачка интелигенција како што е фукцијата Портерт можностите се бесконечни.

За опцијата предлог кадри и да не зборуваме. Дури и да не сте и да не сакате да бидете профеисионален фотограф со камерите на S22 Ultra 5G  ќе се чувствувате токму така како визуелен уметник кој не се задоволува со ништо помалку од совршенство.

Сите белешки на едно место

Нема ништо пофенси од S Pen пенкало. Со 70% помало доцнење, од шопинг листа до белешки од состанок природно се завршува запишано па и ако треба нацртано на широкиот екран S22 Ultra 5G и што е најдобро нема потреба да си ги дешифрирате ракописните белешки вашиот паметен телфон го прави тоа за вас. Со S Pen едноставно S22 Ultra 5G станува незаменлив во планирање обврски и никогаш нема ни да помислите да се вратите на sticky notes.

Никогаш без празна батерија

Фасцинантно е колку често ќе заборавате да ги наполните слушалките веројатно затоа што ќе се навикнете дека Galaxy S22 Ultra работи како безжичен полнач. Wireless PowerShare функцијата e букално е live saver. И да, ако батеријата на телефонот падне под 30%полнењето само се исклучува така што знаете дека ќе  имате и наполнет паметен часовник или слушалки и функционален телефон. Од ваква удобност никогаш не би можеле да се откажете

Galaxy S22 Ultra е најмоќниот уред што Samsung некогаш го направил, а за повеќе информации посетете го линкот:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.