Со новите телефони на Samsung Galaxy S23 до кариера на видеографер

Ја поседуваш креативноста да создаваш одлични видеа? Што велиш за кариера како видеограф со помош на паметните телефони од класата на Samsung Galaxy S23?

Новите трендови налагаат нови професии, а токму за креативците ова е златното време. За љубителите на кратките филмови, зависници од камера и фотографија, правењето видеа со мобилниот уред е несомнено работа од соништата, а кариерата на видеографер – една од најпосакуваните.

Дали знаете дека во светот многу кратки документарни филмови кои добиваат престижни награди и се прикажуваат на National Geographic честопати се правени само со мобилен телефон? Што велите за паметен телефон кој во својата елегантност и компактност крие неверојатно професионална камера и опции кои соодветствуваат на најдобрите професионални фотоапарати? Ве заинтересиравме?

Добро, бидејќи само за вас, овој февруари Samsung ги лансира паметните телефони од класата на Galaxy S23 сo најнапредна камера и еколошки напреден дизајн комбинирани во најиновативната серија досега.

Која е работата на видеографот?

Типични работни сценарија со продукции од мал обем, како што се свадбени видеа, реклами, корпоративни промоции, информативни реклами, документарни и кратки филмови. Видеографот е одговорен за работата на камерата заедно со неколку други фази од снимањето. На пример,  уредувањето на видеото, звук, осветлување и слично. Звучи интересно? Ако е така, видеограф е дефинитивно работа од сонишата за непоправливите креативци! Вие погрижете се добро да се потковате со теоретски и креативен дел, ние ќе ви помогнеме за останатото.

Samsung Galaxy S23|S23+|Ultra поставуваат нови стандарди за сигурни премиум кориснички искуства

Новите паметни телефони од серијата Samsung Galaxy S23 ќе ви овозможат да снимате феноменални видео содржини. За сите вас кои сакате целосна креативна контрола и прилагодување, серијата Galaxy S нуди низа алатки за извонредно фотографско искуство. Апликацијата Expert RAW, достапна екслузивно на уредите Samsung Galaxy, овозможува фотографирање во DSLR стил и обработка на RAW и JPEG – без потреба од гломазна опрема за камера.

Можете да експериментирате и да создавате уметнички фотографии преку multiple exposures функциите или да напраите јасна слика на Млечниот Пат со поставките за Astrophoto од апликацијата Samsung Camera или Expert RAW. Дополнително, новите можности за зумирање на апликацијата Camera Controller за серијата часовници Galaxy Watch5  им овозможуваат на корисниците да снимаат совршено врамени снимки директно од нивниот зглоб.

Напредната object-based AI го анализира секој детал во кадарот, дури и ситните црти на лицето, како што се косата и очите, за внимателно да ги долови динамичките карактеристики на една личност, и воедно ако има потреба, интелигентно да ги подобри кадрите.  За дополнително подобрено видео искуство, новата функција за снимање аудио 360° на слушалките Galaxy Buds2 Pro создава повеќедимензионален звук. Видеоматеријалот, кој ќе го креирате дефинитивно, ќе има кино-квалитет.

Подобрените можности кај телефонот Samsung Galaxy S23 за ноќна слика го трансформираат начинот на кој серијата Galaxy S ги оптимизира фото и видео снимките во широк опсег на условите во опкружувањето. Од снимање на вашата омилена песна на концерт до фотографирање селфи или групна фотографија со пријателите на вечера, бидете сигурни дека ќе добиете поостри фотографии и видеа. Визуелниот шум што обично ги намалува фотографиите со слаба осветленост се коригира со нов алгоритам за процесирање сигнал (ISP) базиран на AI кој ги подобрува деталите на сликата и тонот на бојата.

Samsung Galaxy S23+ има подобрени селфи камери од 12 MP споредено со селфи камерата од 10 MP на Galaxy S22 и S22+. Резултат се почисти и појасни селфи фотографии и видеа на слаба светлина. Дизајниран е да обезбеди најнапредно искуство со камерата досега, така што корисниците можат да се поврзуваат и споделуваат содржина каде и да се. Познатата камера Samsung Galaxy добива и подобрен изглед со отстранета контурната рамка, означувајќи нова ера во основниот дизајн на Galaxy што ја карактеризира целата серија.

Како прв меѓу телефоните на Samsung Galaxy, Galaxy S23 Ultra може да се пофали со нов 200MP адаптивен сензор за пиксели кој снима важни моменти со неверојатна прецизност. Користи поврзување со пиксели за да поддржува повеќе нивоа на обработка со висока резолуција истовремено. Со оглед на тоа дека  селфи камерите се поважни од кога било за начинот на кој комуницираме денес, серијата Galaxy S23 воведува брз автоматски фокус и нашата прва Super HDR селфи камера со скок од 30 до 60 фрејмови во секунда за забележително подобри сликање и снимање на лицето од напред.

При слаба осветленост или во ситуации кои инаку би создале заматување, снимката е стабилна со агли со двоен оптички стабилизатор на слика (OIS) во сите правци кај Galaxy S23 Ultra.

It’s a wrap! Време е да ја разгорите вашата страст за видеографирање!

Без разлика дали ќе одлучите да се занимавате професионално со видеоографија или сакате истото да ви биде хоби, работата со филмови и видео е возбудлива кариера која нуди многу различни можности. Од кратки документарци до травел влогови, инстаграм reels и тик-ток видеа, опсегот на креативно шаренило нема граници.

Побрзајте и одберете го вашиот фаворит

Почнувајќи од 17 февруари 2023 година,  новите Galaxy S23, Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra се достапни од операторите и трговците на мало, како и на Samsung.com. Серијата Galaxy S23 доаѓа во четири нијанси инспирирани од природата: фантомско црна, крем, зелена и лаванда.

Повеќе информации на следниве линкови:

Samsung Galaxy S23|S23+  – https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23/

Samsung Galaxy S23 Ultrahttps://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23-ultra/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.