Зошто стариот телефон да го замените со телефон на преклопување – овие празници почестете се со ултра модерен телефон!

Телефоните на преклоп поминаа долг пат од нивното прво претставување во светот до денешните сигурни и исклучително практични уреди. Со претставувањето на овие телефони, Samsung означи ново поглавје на иновации и оттогаш до денес нè инспирира да се поврзуваме, да комуницираме, да доловуваме моменти и да работиме попродуктивно.

Новата генерација на преклопни телефони на Samsung, Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4, придонесе уште повеќе луѓе да размислуваат да се префрлат на Foldables, поради придобивките што нивната флексибилност и иновативност ги нудат за секојдневна употреба.

Ако се прашувате зошто треба да размислите за купување Samsung телефон на преклоп, еве пет од најважните работи што треба да ги земете предвид:

Голем екран, идеален за мултитаскинг

Револуционерните паметни 5G телефони на преклоп од серијата Galaxy Z се издвојуваат по својата практичност, односно по сè што можете да правите на нив, за разлика од другите телефони. Без разлика дали ќе изберете поголем Galaxy Z Fold4 телефон или помал уред како Galaxy Z Flip4, добивате голем екран за читање, пребарување, работа или за гледање филмови.

Четвртата генерација на серијата Z ги руши конвенциите и нуди нови опции за подобрување на секојдневниот живот. Големите екрани сега се уште посеопфатни и поизразени, а популарните апликации се оптимизирани за да можете уште повеќе да уживате во целата содржина. Во однос на хардверот, се внимаваше да има сè на едно место, така што подобрувањата како специјалната верзија на Android, новиот таскбар сличен на оној на компјутерот или Multi-Active Windows на моделот Galaxy Z Fold4,  навистина го прават вашиот телефон доверлив придружник низ сите активности.

Толку многу работи се можни без употреба на раце

Моделот Galaxy Z Flip4 е дизајниран така да може да се користат многу функции без да се отвори телефонот. Така, може да остварувате повици, да одговарате на пораки, да користите разни виџети, и сето тоа од насловниот екран. А кога станува збор за фотографирање и снимање, овој телефон е вистинско задоволство. Видеата и селфите се снимаат со активирање на камерата FlexCam директно од надворешниот екран, со помош на главната камера со подобрената функција Quick Shot. Друга уникатна карактеристика на овие телефони е тоа што тие можат да се користат како статив за фотографирање со предната или задната камера.

Надградби на издржливоста и брзина

Мултитаскингот денес е полесен од кога било, благодарение на напредокот на хардверот, меѓу другото. Како резултат на постојаните иновации, ја добивме мобилната платформа Snapdragon 8+ Gen 1 со хипербрза 5G мрежа. Има процесор од 4 nm за брза и беспрекорна работа или играње, а Samsung Knox се грижи за повеќеслојна безбедност на податоците.

Соработка со Google и Microsoft

Партнерствата на Samsung со Google и Microsoft ги поместуваат границите кога станува збор за мултитаскинг. Апликациите на Google, вклучувајќи ги Chrome и Gmail, сега поддржуваат „влечење и спуштање“, овозможувајќи им на корисниците брзо да копираат и залепуваат врски, фотографии и др., од една апликација во друга. Google создаде специјална верзија на Android – Android 12L за големи екрани, вклучувајќи уреди на преклоп, додека целосниот пакет Office и Outlook на Microsoft ги користи предностите на преклопливиот дисплеј и обезбедува повеќе информации на екранот и побрз начин за интеракција со содржината.

Кул фактор – иднината е на преклоп

Елегантниот дизајн и лесната преносливост се само некои од карактеристиките што ни помагаат во целост да ги искористиме предностите на телефоните со преклоп. Едноставно преклопете ги на половина и носете ги со себе, ставете ги во чантата или џебот. Со Galaxy Z Fold4, тоа е како да ставите мал таблет во џеб, а со Galaxy Z Flip4 – голем телефон со половина големина. Згора на тоа, ова се телефони кои сите ги забележуваат затоа што се кул и не’ прават дополнително љубопитни и искрено возбудени да гледаме како се преклопуваат. Минатата година, Samsung испорача речиси 10 милиони телефони на преклоп ширум светот, а ова темпо сигурно ќе продолжи и понатака.

Додадена вредност за уште поголемо уживање!

Она што е и повеќе од потребно е доволно простор за сите фотографии, документи, фајлови. Денес, буквално целиот живот ни е сведен на меморијата на нашите уреди. Дека Galaxy Flip4 и Galaxy Fold4 сe уредите создадени за Вас, го потврдува и фактот што со купување на истиот добивате 6 месеци мемориски простор од 100GB во OneDrive облакот. За детали, посетете ја страницата  https://www.samsung.com/mk/offer/one-drive-promo-2022/.

За квалитетно поминато слободно време со купување на Galaxy Flip4 или Galaxy Fold 4  добивате 4 месеци бесплатен YouTube Premium за да уживате во гледање офлајн, гледање без реклами и видеа во заднина, сега со 5G. Промоцијата важи за уредите кои ги исполнуваат условите во периодот помеѓу 1 февруари 2022 година до 1 април 2023 година. Повеќе информации на: https://www.samsung.com/mk/offer/youtube-premium-z-series-2022/

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.