Зошто Samsung Galaxy Z Flip4 е вистинско мало чудо?

Galaxy Z Flip4 е доказ дека Samsung успеа во својата мисија да ги врати телефоните на преклоп повторно на светската сцена и да ги направи уште „покул“ и повозбудливи за сите корисници.

Ви ги претставуваме највозбудливите опции кои ги нуди овој уред Samsung Galaxy Z Flip 4, кои целосно го оправдуваат епитетот – вистинско мало чудо.

Фото и видео содржина без раце

Кога имате ваков флексибилен телефон на преклопување, одличната работа е што можете да го поставите под агол што ви одговара и да направите совршено селфи а рацете да ви бидат слободни за позирање. Заедно со новиот револуционерен телефон, Samsung воведе нова функција за користење без раце додека ги снимате вашите омилени спомени. Сакате да знаете како? Со помош на FlexCam!

Со FlexCam на Samsung Galaxy Z Flip 4, можете делумно да го преклопите телефонот и да го поставите на површина самостојно за да снимате видеа и правите селфија од повеќе агли без раце. Можете да направите и многу повеќе со Galaxy Z Flip 4.

Сликајте висококвалитетни селфи фотографии директно од надворешниот екран со користење на главната камера со подобрената функција QuickShot. Започнете со снимање видео со висок квалитет во режимот QuickShot и потоа префрлете се на Flex-режимот за да продолжите со снимањето без раце без да го прекинете видеото.

Други опции на надворешниот екран

На капакот на уредот не е овозможено само снимање фотографии и видео. Со приспособливиот надворешен екран од 1,9 инчи, добивате уште едно платно на кое може да се изразите. Осмислете изглед на часовникот што ќе го изразува вашиот стил или поставете видео како насловна слика на надворешниот екран.

Но, не е сè во изгледот.

Сите дигитални помагала, можете да ги поставите директно на надворешниот екран. Така, ќе имате лесен пристап до брзите поставки, пораки и повици, а можете да додадете и виџети за сите апликации да ви бидат на дофат.

Мултитаскинг до максимум

Ако сакате да работите на повеќе апликации во исто време, тогаш овој телефон е како создаден за вас. Наредете ги за да добиете оптимизиран изглед на екранот, следете настан на интернет, правете белешки и одговарајте на е-пошта истовремено. Екранот од 6,7 инчи отвора прекрасен поглед благодарение на ултратенкото стакло. Подобрената издржливост го прави посилен од кога и да е – да може да издржи и до 200.000 отворања и затворања. Дозволете вашата продуктивност да добие нови крилја.

Завртете го главниот екран во landscape положба

Ако сакате главниот екран на телефонот автоматски да се ротира во landscape положба кога го ротирате уредот, оваа поставка брзо и лесно се вклучува со долго притискање на заднината и избирање на поставките каде опцијата е „Ротирај“.

Одговарајте на повиците на повеќе начини

Кога вашиот телефон ѕвони, можете да го гледате повикот дури и кога е на чекање, а можете да одговорите со едноставно лизгање на надворешниот екран, без да мора да го отворите. Сепак, треба да имате на ум дека разговорот потоа се префрла на звучникот и лесно можете да ја зголемите или намалите јачината на звукот. Друга опција за одговарање е да го отворите телефонот, а за да го завршите разговорот достапен ви е оној саканиот и донекаде ретро момент на преклопување.

Полнење други уреди преку Galaxy Z Flip 4

Овој паметен телефон може да се користи за безжично полнење на други уреди како слушалки или паметни часовници на задната страна. Можете исто така да поставите ограничување за тоа колку батерија дозволувате да се користи за овој тип на полнење.

Спиење на време

Една од најчесто користените опции на паметните телефони на Samsung е Bedtime mode. Ви овозможува да закажете време за вклучување на сивите тонови на екранот, како и да ги исклучите известувањата, за да ве поттикне да спиете. Посебно е интересно што можете рачно да ја вклучите оваа опција, но и да го изберете времето во кое сакате да се вклучува секоја вечер, како и ноќите во кои сакате да ја примените оваа опција.

За повеќе информации посетете ја официјалната страница на Samsung:

Galaxy Z Flip 4 https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.