Јапонките полуделе по утринската диета со банани: За само две недели ќе го стопите вишокот килограми!

Симнете ги килограмите

Концептот на оваа диета е многу едноставен, а резултатите се одлични

Јапонците веруваат во моќта на бананите, односно во „утринската Аса-банана диета“, кога сакаат да ослабат.

За појадок се јадат само банани, а остатокот од денот може да јадете што сакате. Важно е исхраната да биде здрава и урамнотежена.

Правила на диетата со банани

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, а токму на тоа се заснова оваа диета. Клучно е секое утро да изедете исклучиво по една до две банани.

Бананите ја поттикнуваат измената на материите и даваат чувство на ситост. Освен тоа, бананите се богати со калиум и баластни материи што ги регулираат телесните маснотии.

Немојте да јадете ништо по 20 часот

Кај јапонската диета со банани не смеете да јадете навечер по 20 часот. Јапонските експерти тврдат дека не мора да се занимавате со некој спорт за да ослабите неколку килограми со оваа диета. Оригиналната диета трае 7 до 12 дена.

Ова не е трајно решение

Со оглед на тоа дека бананите содржат многу овошен шеќер, појадокот со банани не би требало да стане трајна навика. Оваа диета ќе ви помогне брзо да изгубите неколку килограми, но на телото му треба многу движење ако сакате да ослабите.

Поради тоа, експертите ја препорачуваат јапонската диета со банани само ако брзо сакате да стопите неколку килограми. Не се препорачува на долги патеки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.