Нема да им верувате на очите: Запознајте го Мохито, зеленото кученце!

Неодоливо!

Веруваме дека никогаш досега не сте сретнале вакво кученце

Џоана Јустиц од германскиот град Вермелскирхен, сопственичка на женка златен ретривер, неодамна се шокирала кога видела дека нејзиниот миленик донел на свет зелено кученце!

Иако се загрижила, ветеринарите и’ објасниле дека се’ е во ред со него и дека се работи за еден вид аномалија што не му наштетува на здравјето.

https://twitter.com/yahoophoto/status/1186727215834243072

Иако станува збор за природна аномалија, во светот досега се забележани само 4 случаја на раѓање зелено куче. Оваа боја е со краток век. По неколку месеци, таа ќе избледи и кучето нема да се разликува од останатите кучиња од својот вид.

https://twitter.com/globalnews/status/1187126410504294400

Можно е оваа необична нијанса да настанала од пигментот на жолчката биливердин која се наоѓа во постелката. Кога ќе се измеша со плодовата вода што го храни и штити плодот, може да го обои крзното на кученцето.

Поради необичната боја на крзното, го крстиле Мохито, според познатиот коктел од нане и лимета.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.