Кој го освои срцето на Дила од „Гавран“?

Видеото од нивната венчавка сè уште е едно од најгледаните во Турција

Турската актерка Бурџу Бириџик важи за една од најбараните актерки во Турција. Позната по својата улога во серијата „Осмиот ден“, последниве години таа е преплавена со многубројни понуди за нови улоги.

Турската актерка е родена на 4 мај 1989 година во Елмали, Турција, а своето детство го поминала во Анталија со нејзините родители. Нејзиниот прв јавен настап се случил на релативно млада возраст кога учествувала на натпреварот за Мис на Медитеранот, по што и се отвориле патиштата кон светот на актерството.

Со нејзината руса коса и сино-зелени очи, таа не само што ги освои ТВ продуцентите, туку и турскиот фотограф Емре Јеткин, со кого ја кринуса љубовта по тригодишна врска во летото 2016 година, а видеото од нивната венчавка сè уште е едно од најгледаните во Турција.

Љубовната приказна на Бурџу и Емре започнала во 2013-та година по случајна средба во домот на нејзиниот братучед, кој е пријател на Емре. Во тој период, и Бурџу и Емре биле со други партнери, но само неколку месеци подоцна тие повторно се сретнале, овој пат подготвени да ја започнат нивната романса.

Околу три години откако ја започнаа нивната врска, парот се венчаше во раскошна церемонија на која присуствуваа стотици луѓе. Нивната свадба се одржа на 30 јули 2016 година, по што медениот месец го уживаа на Бали.

Иако тие се прилично зафатени со нивните кариери, Бурџу и Емре секогаш одвојуваат време за возбудлива авантура. Покрај тоа што се зависни од адреналин и сакаат да патуваат, парот сака и опуштено дружење со блиски пријатели. За 20 години, вели Бурџу, се гледа себеси со Емре и четири деца во куќа покрај море.

По „Осмиот ден“ која се емитуваше на каналот Dizi, серијата „Гавран“ ни ја претставува Бурџу во улогата на убавата Дила, ќерка на моќен нарко-бос во Истанбул.

„Гавран“ раскажува за животот на Кузгун, кој по 20 години ќе дојде во Истанбул да се одмазди за неправдата нанесена на неговиот татко. Користејќи ја Дила, тој ќе му се приближи на неговиот непријател, Рифат, најдобриот пријател на неговиот татко.

Дила Билгин е пријателка од детството на Кузгун. Нивните татковци работеле заедно како инспектори во полиција. По големото предавство од страна на Рифат, животот на Дила не станал нималку полесен. По долги години поминати во Лондон, таа се враќа во Истанбул како успешен адвокат. Таа знае дека целото богатство на нејзиното семејство доаѓа од криминални активности, и воопшто не го поддржува начинот на живот на нејзиниот татко и нејзиниот брат, Али.

По своето пристигнување во Истанбул, Кузгун станува телохранител на Дилабез да го открие својот вистински идентитет и и го спасува животот. После тоа, бргу ја придобива нејзината доверба. Со помош на Дила, тој го започнува својот план за одмазда.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.