ДУХ И ТЕЛО: Во октомврискиот број на „Убавина и здравје“ ќе читате…

Бидете најдобрата верзија на себеси!

Да не се лажеме, ДУХ И ТЕЛО – ЕДНО ЦЕЛО!

ИЗГЛЕДОТ НА ТЕЛОТО Е ВЕЧНА ТЕМА. Колку само пати во денот помислуваме или го оценуваме изгледот на нечие тело… Несвесно, првите заклучоци за една личност ги донесуваме токму врз база на изгледот, кој покрај облеката, задолжително подразбира и суд за килограмите, конституцијата, за висината итн.

На плажа, покрај уживањето во пејзажот и мирисите, се претвораме во стручно жири, кое зад темните очила ги анализира возраста, животниот стил, евентуалните естетски зафати и сè преостанато врз основа на приложеното – разголените тела околу нас. Многумина ќе кажат дека не го прават тоа и дека таквото размислување е површно, исто како и честите разговори за диетите и килограмите. Ќе додадат дека губиме многу време со коментирање и во вложување во изгледот, а толку малку за знаењето и духовниот раст.

Не е точно! Секако дека судот за „формата на духот“ доаѓа, но подоцна, за тоа е потребно некој „да проговори за да го видиме“. На оваа страница веројатно многумина ги читаат овие реченици поради неверојатната илустративна фотографија. Воодушевува и Александра Илиќ, фитнес-тренер, и квалитетот на фотографиите (стр.71). Но зад сета оваа убавина стојат голем труд и влог. Исто како и зад овој број на „Убавина и здравје“, со кој повторно ќе се обидеме да ве инспирираме да бидете најдобрата верзија на себеси. Ништо не е површно и тривијално!

Иако изгледот, задоволствата од полиците на парфимериите и модните комбинации се наменети за површината, сепак се храна за духот и често ја заменуваат онаа вистинската храна со која се прејадуваме, иако во животот ни недостасува голема пица.

Покрај гладот, важна е и жедта. Жедни сме за знаење, затоа и во овој број побаравме одговори на прашања. Дали знаевте зошто ги сакаме тие што ги сакаме? (стр. 82) И секако, секогаш нè инспирира убавината на духот, покрај телото (стр. 102). Но да не се лажеме, ДУХ И ТЕЛО – ЕДНО ЦЕЛО! Бидете најдобрата верзија на себеси!

Ваша Јована Стојменовиќ, уредничка на магазинот „Убавина и здравје“

https://www.instagram.com/p/B3cDxg8g-eR/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.