Малку поинаков начин на приготвување компири: 5 најсочни рецепти

Уживајте во вкусот!

Овој зеленчук може да се искористи на многу начини, а вкусот секој пат е божествен

Компирот е многу здрав избор бидејќи содржи малку калории, а богат е со влакна што нудат заштита против кардиоваскуларни болести и рак. Компирот може да се приготви на многу начини, а ние ви ги претставуваме петте најинтересни рецепти…

Печен во рерна со рузмарин

Исечен на резанки или коцки, извалајте го секое парче во претходно направена мешавина од маслиново масло, сол, бибер и рузмарин (може и сушен).

Така маринираниот компир наредете го на плех или во сад за печење, па печете го на 180 степени Целзиусови, околу половина час. Ќе се испече многу брзо, а ќе биде готов кога ќе биде целосно мек. Украсете го со свеж рузмарин и послужете го со бело месо.

Печен во рерна со ким

Исечете го компирот на резанки, а потоа секое парче зачинете го со мешавина од маслиново масло, сол и бибер. Ставете го во сад, наросете го со ким, а потоа ставете го во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу половина час. Печениот компир извадете го на чинија и прелејте го со ладно кисело млеко. Може да се служи како прилог со месо, но може и со салата како главно јадење.

Супа од сладок компир, моркови и ѓумбир

Децата ќе го обожаваат овој рецепт. На малку масло, ставете набрзина да се пропржи свежо изрендан ѓумбир, а потоа сипете морков и сладок компир исечен на коцки.

Измешајте со масло за сето тоа да се соедини и малку да се пропржи, а потоа прелејте го со вода и пржете додека не биде готов зеленчукот. Зачинете по вкус.

Готовата супа ставете ја во блендер заедно со течноста во која се варела, а по желба може да додадете малку кисела или павлака за готвење за време на матењето или послужувањето.

Пире од сладок компир

Сварете компир во посолена вода, а потоа испасирајте со млеко или кисела павлака. Притоа, додајте малку обичен бибер или пипер. Се приготвува како обичен компир, но ова пире има потполно поинаков вкус. Може да го послужите на дното од чинијата, а потоа врз него да ставите убаво печено парче бело месо или бифтек.

Печен во рерна со лук и пармезан

Уште една верзија од рерна. Компирот, исечен на резанки, зачинет по вкус (сол, бибер) и малку намрсен со масло, ставете го да се пече половина час на 180 степени Целзиусови. Кога ќе биде готов, наросете го со лук и пармезан и послужете го како прилог со некое месо.

Можете да го печете и наросен со лук и пармезан, тогаш овие два додатока повеќе ќе се потпечат, па компирот ќе има црни траги на рабовите и помаркантен вкус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.